Глава на Франц Кафка

Глава на Франц Кафка (чешки: Hlava Franze Kafky), исто така позната како Статуа на Кафка, е скулптура поставена на отворено од вајарот Дејвид Черни[1].

Глава на Франц Кафка

Скулптурата се наоѓа пред трговскиот центар Куадрио, во центарот на Прага, Чешка[2].

Скулптурата е висока 10,6 метри и е конструирана од 42 ротирачки панели, изработени од сјаен метал којшто е во вид на огледални површини. Секој панел ротира пооделно. Во текот на денот, скулптурата не само што е динамична - кинетична, со одредени визуелни и композициски промени туку во својата движечка и постојано променлива содржина и преобразба алудира на едно од попознатите дела на Франц КафкаПреобразби[3].

Поставена е во октомври 2014 година[4].

Скулптурата е висока 10,6 метри, широка 2,8 метри - постаментот е изработен од не'рѓосувачки челик со огледален одсјај а самата скулптура е тешка 39 тони. Скулптурата ротира со максимална брзина од 6 вртежи во минута. Брзината на вртењето на панелите се контролира од далечина , додека во алгоритмот на движењето се програмирани многу варијации.

На дното од скулптурата, постаментот, се наоѓаат мали огледала, создавајќи чувство илузија на лебдеење и бестежинска состојба. Навечер, скулптурата е осветлена со шарено осветлување, со што се добива специфична поетичност[5].

Вајарот Дејвид Черни е еден од истакнатите светски автори. Негово исто така позната дело, покрај Главата на Кафка е и кинетичката скулптура „Метаморфози“ во Шарлот (Северна Каролина), создадена во 2007 година.

Делото Главата на Кафка е негова најпозната вајарска творба. Според многу компоненти кои успеал да ги вгради, конструира и творечки да ги создаде, оваа дело има меѓународна афирмација и веќе е вброено во поистакнатите вајарски дела на 21-от век[6].

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди