Гитега
Гитега (рунди: Gitega) е главен град на Бурунди. Градот се наоѓа во центарот на државата,[2] на околу 62 километри источно од Буџумбура. Гитега е втор најголем град во државата.[3]) Гитега бил главен град на Кралството Бурунди сè до укинувањето на кралството во 1966.[4] Денес Буџумбура останува економски главен град на државата.[5] На 16 јануари 2019 година донела законс со кој се сменил главниот град, и владата има рок од три години да се пресели во Гитега. Ова следи како најава на тогашниот премиер дека Бурунди ќе го врати традиционалниот главен град на државата, наместо Буџамбура кој бил колонијален главен град.[6]
Гитега Gitega | |
---|---|
главен град | |
Држава | Бурунди |
Покраина | Гитега |
Површина | |
• главен град | 22 км2 (8 ми2) |
• Градска | 22 км2 (8 ми2) |
• Метро | 27 км2 (10 ми2) |
Надм. вис. | 1.504 м |
Население (2020)[1] | |
• главен град | 135,467 |
• Густина | 5.454/км2 (14,130/ми2) |
Географија
уредиГитега е дел од покраината Гитега, каде е и административен центар. Градот се наоѓа во средината на државата. Градот е опколен од планини, а во непосредна близина е реката Рурубу.[7] Во близина на градот се наоѓа најголемиот национален парк во Бурунди, Националниот парк Рувубу.[8]
Образование
уредиВо Гитега се наоѓа Политехничкиот универзитет на Гитега, кој е основан в 2014 година.[9]
Култура
уредиВо Гутега се наоѓа Националниот музеј на Гитега. Во градот има кралски двор, традицоонално седиште на бурундските кралеви.
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ „Institute de statistiques et d'etudes economiques du burundi, (Annuaires Statistiques 2016, p 23)“. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 2020-07-03.
- ↑ Encyclopedia Britannica. „Gitega (Burundi)“. Encyclopedia Britannica Online. Посетено на 22 January 2018.
- ↑ „Biggest Cities In Burundi“. 24 December 2018.
- ↑ Agence France-Presse (22 December 2018). „Burundi names Gitega as new capital“. The EastAfrican. Nation Media Group. Посетено на 22 January 2018.
- ↑ Nimubona, Désiré (24 December 2018). „Burundi Moves Political Capital From Bujumbura to Gitega“. Bloomberg. Bloomberg L.P. Посетено на 22 January 2018.
- ↑ „Burundi to change its capital city“. BBC World News. British Broadcasting Company. 17 January 2019. Посетено на 22 January 2018.
The vote took place on Wednesday and the leader of parliament said the move would take place over three years.
- ↑ Hughes, R.H.; Hughes, J.S. (1992). A Directory of African Wetlands. Cambridge, United Kingdom: International Union for Conservation of Nature. стр. 97. ISBN 2-88032-949-3.
- ↑ „Burundi:Country in the Heart of the African Great Lakes Region“. skyticket. 26 June 2018. Посетено на January 22, 2018.
- ↑ DAM, Burundi: Début des cours à l’Université Polytechnique de Gitega en février, burundi-agnews.org, Burundi, January 9, 2014
Надворешни врски
уреди„Гитега“ на Ризницата ? |
- „Бурунди се приклучува на другите африкански држави со менување на главниот град“ Архивирано на 3 јули 2020 г., IndependentNews (англиски)
03°26′S 29°54′E / 3.433° ЈГШ; 29.900° ИГД
Оваа статија поврзана со Бурунди е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |