Гејл Елиот
Гејл Елиот (родена 1966 година) е англиски моден дизајнер и поранешен модел.[1]
Gail Elliott | |
---|---|
[[Податотека: Elliott in 2015 | |
Роден(а) | June 15, 1966 Balham, London, England |
Занимање |
|
Сопружник | Joe Coffey (в. 1997) |
Страница littlejoewoman.com |
Ран живот
уредиЕлиот е родена во населбата Балхем во Лондон, Англија во 1966 година.[2] Таа е мешавина од англо-индиски, англиски, ирски, италијански, португалски и шкотски националности. [2] [3]
Кариера
уредиМода
уредиЕлиот започнала да се занимава со мода кога имала 17 години, по предлог на нејзиниот професор по балет. [2] Се преселила во Токио, Јапонија, каде работела како модел две години, по што се преселила во Њујорк.[2][4] Со текот на годините, Елиот работела како модел за некои од најголемите светски модни брендови како Versace, Valentino, Armani, Ralph Lauren, Карл Лагерфелд, Келвин Клајн, Dolce & Gabbana, Марк Џејкобс, Chanel, Том Форд и Дона Каран.[2][4] Елиот работела со фотографи како Стивен Мејсел и Марио Тестино.[2] Нејзината манекенска кариера траела 24 години.[4]
Little Joe Woman
уредиЕлиот се впуштила во моден дизајн, почнувајќи со модна куќа за облека со нејзиниот сопруг Џо Кофи во 2002 година, која била наречена Little Joe Woman.[2][5][6] Модната куќа била основана во Њујорк и потоа била со седиште префрлена во Сиднеј, Австралија.[2][7][8] Седиштето на друштвото подоцна било префрлено во Бали, Индонезија.[7] Сопругот на Елиот е извршен директор на брендот, додека Елиот е нејзиниот творечки директор.[4] Брендот, кој е опишан како „рок-шик, луксузна модна линија“,[7] првично нудела кратки лесни фустани и горни ноќници.[2][4]
Личен живот
уредиЗа време на првото патување во Австралија, Елиот била запознаена со нејзиниот сега веќе сопруг Кофи кој бил пејач на INXS, од страна на Мајкл Хатченс, кој во тоа време бил момче на нејзината пријателка модел Хелена Кристенсен.[1][2][9] Елиот и Кофи се венчале во 1997 година.[10] Нејзината венчаница била дизајнирана од Азедин Алаја, додека Кристенсен, Синди Крафорд и Јасмин Ле Бон биле некои од нејзините деверуши.[10]
Наводи
уреди
- ↑ 1,0 1,1 Byrnes, Holly (February 14, 2014). „'My Clutch': star memories of Michael Hutchence“. The Daily Telegraph. Посетено на July 18, 2018.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 „Gail Elliott model designer bio“. Vogue Australia. January 1, 2009. Посетено на July 18, 2018.
- ↑ Lime, Anne (September 5, 2008). „Gail Elliott, fashion designer“. The Australian. Посетено на August 12, 2018.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Gail Elliott At Home“. Laqua Magazine (4). 2018. стр. 12–15. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на July 18, 2018.
- ↑ Staff Writer (January 3, 2012). „Designer Gail Elliott and husband Joe Coffrey sell Bondi unit for $7.25 million“. The Daily Telegraph. Посетено на July 18, 2018.[мртва врска]
- ↑ Halliwell, Elle (February 18, 2012). „Industry supports Little Joe“. The Daily Telegraph. Посетено на July 18, 2018.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Tewari, Bandana (November 14, 2017). „The 'Made in Indonesia' Opportunity“. The Business of Fashion. Посетено на July 18, 2018.
- ↑ Halliwell, Elle (February 9, 2013). „All retail fears is fear itself“. The Daily Telegraph. Посетено на July 18, 2018.
- ↑ Hornery, Andrew (February 17, 2012). „Closet door still closed“. The Sydney Morning Herald (англиски). Посетено на July 18, 2018.
- ↑ 10,0 10,1 Socha, Miles (March 2, 2016). „Azzedine Alaïa Talks Creativity and Copy Cats“. Women's Wear Daily. Посетено на 18 July 2018.