Германски воени бордели во Втората светска војна
Германските воени бордели биле основани од Нацистичка Германија за време на Втората светска војна низ поголемиот дел од окупирана Европа за потребите на Вермахтот и војниците на Шуцштафел.[1]. Овие бордели биле генерално нови, но на запад, понекогаш биле поставени преку постоечките бордели, како и многу други објекти. До 1942 година, во Германија имало околу 500 воени бордели од овој вид[2]. Често работејќи во конфискувани хотели чувани од Вермахтот, овие објекти служеле за патувачките војници и оние кои се повлекувале од фронтот[3][4]. Според податоците, најмалку 34.140 европски жени биле принудени да служат како проститутки за време на германската окупација на нивните земји, заедно со жените затвореници од борделите за концентрациони логори[1]. Во многу случаи во Источна Европа, инволвираните жени биле киднапирани на улиците на окупираните градови за време на германската воена и полициска акција наречена łapanka.
Германски војници влегуваат во бордел во Брест, Франција. Градбата била поранешна синагога. | |
Development | |
---|---|
Основана од | Нацистичка Германија |
Делување | 1940–1945 |
Местоположба | Окупирани земји |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Nanda Herbermann; Hester Baer; Elizabeth Roberts Baer (2000). The Blessed Abyss: Inmate #6582 in Ravensbruck Concentration Camp for Women (Google Books). Detroit: Wayne State University Press. стр. 33–34. ISBN 978-0-8143-2920-7. Посетено на January 12, 2011. (англиски)
- ↑ Helge Sander, Barbara Johr (Hrsg.), Befreier und Befreite - Krieg - Vergewaltigung - Kinder, Frankfurt a.M. 2005
- ↑ (англиски) various authors; Leon Yudkin (1993). „Narrative Perspectives on Holocaust Literature“. Во Leon Yudkin. (уред.). Hebrew Literature in the Wake of the Holocaust. Fairleigh Dickinson University Press. стр. 13–32. ISBN 978-0-8386-3499-8.
- ↑ (англиски) Lenten, Ronit (2000). Israel and the Daughters of the Shoah: Reoccupying the Territories of Silence. Berghahn Books. стр. 33–34. ISBN 978-1-57181-775-4.