Боксерот е потомок на борбените кучиња уште од античко време. Ова куче е со средни димензии, во облик на коца (должината и висината на телото се еднакви). Исто така има коцкеста глава со силна и широка вилица. Изразот на лицето не смее да му биде тажен или остар. Погледот треба да оддава енергија и интелегенција и да зрачи со верност. Ова куче е брзо и елегантно и не смее да биде премногу слаб. Влакната му се кратки и сјајни, од темноеленеста до жолта боја, а најбарана е бојата помеѓу овие две.

Особености уреди

Иако се вбројува во службени кучиња, пред сè е домашно куче. Палав е, разигран, извонредно внимателен кон децата и останатите членови на семејството. Карактеристично за него е да ги турка домашните со муцката со што ја покажува својата наклоност. Неговите кратки влакна лесно се негуваат. Скромен е и задоволен со престојот во стан, каде не лае премногу. Неговата живост и потреба за движење бара редовни и долги прошетки.