Алопатричка видообразба

(Пренасочено од Географска видообразба)

Алопатричка видообразба, алопатричка специјација или географска видообразбавидообразба (специјација) каде глсвна улога играат географските изолациони чинители како што се реките, морињата, езерата, високите планини, пустините и сл.

Споредба на видовите на природна видообразба.

Алопатричките видови од една популација настануваат кога меѓу одделни делови на популацијата се создаваат различни географски пречки.

Пример за ваква алопатричка видообразба е со островите на Јадранското Море, кои настанале со покачувањето на нивото на водата. При тоа, на нив останале изолирани делови од популациите на голем број животни и растенија. Меѓу нив се и неколку видови гуштери кои дивергентно еволуирале во подвидови, кај кои постапно настанувала и репродуктивна изолација на одделни острови. Слично е и со примерот на дождовниците кои се развиле по повеќе видови поради други географски пречки.