Гелцшталски мост
Гелцшталскиот мост во округот Фогтланд во Саксонија е најголемиот камен мост направен од тули во светот. Вијадуктот со вкупно 98 лакови се смета за обележје наФогтланд.
Гелцшталски мост | |
---|---|
центар|300x300пкс|Göltzschtalbrücke Воздушна снимка на Гелцшталскиот мост | |
Употреба: | Железнички сообраќај |
Местоположба: | Округ Фогтланд |
Конструкција: | Лачен мост |
Целосна должина: | 574 метри |
Ширина: | 7,93–23 метри |
Број на отвори: | 29 (во најгорниот дел) |
Висина: | 78 метри |
Почеток на градбата: | 31 мај 1846 |
Отворање: | 15 јули 1851 |
Архитект: | Јохан Андреас Шуберт |
Еден од најголемите предизвици за време на изградбата на железничката линија Лајпциг-Хоф, која се протега како Лајпциг преку Плауен и Хоф до Нирнберг било премостувањето на Гелцшката долина. Бидејќи саксонско-баварските железници располагале со малку пари, објавиле вест во сите големи германски весници дека оној што ќе изнајде евтин начин да го реши проблемот ќе добие награда од 1000 талири. Од 81 пристигнат предлог, никој не можел со статички пресметки да покаже дека нивното решение би можело да се справи со товарот на планираниот железнички сообраќај. Паричната награда затоа била поделена на четири предлози, но никој од нив не бил реализиран.
Шефот на комисијата што ги испитувала предлозите, професор Јохан Андреас Шуберт, потоа го искористил своето искуство со статички пресметки, особено во изградбата вијадуктот во Лојбниц во летото 1845 за да најде сопствено решение, притоа користејќи и замисли од испратените предлози. Поради ова, мостот станал првиот статички пресметан мост во светот. За изградбата како главен материјал била избрана тулата, што бил многу необичен избор за тоа време, но била брзо и евтино достапна во регионот.
Поставувањето на камен-темелникот се одржало на 31 мај 1846 година.
По завршувањето и пуштањето во употреба на 15 јули 1851 мостот станал највисокиот железнички мост во светот.