Гацка
Гацка – река понорница, со своите притоки долга 61 km, во областа Лика, во централна Хрватска. Извира под Годача и Венац во Синац. Се влева во Јадранското Море.
Гацка | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Јадранско Море, Хрватска |
Должина | 61 |
Особености на сливот |
Особини
уредиРеката е долга 61 km, а пред изградбата на хидроелектраните ХЕ Сењ и ХЕ Склопе била долга дури 100 km. Од својот извор, Тонковиќевиот Вруток, полека се спушта низ подрачјето Гацко Поле примајќи бројни притоки. Ја одликува чиста бистра вода која, a и покрај карпестиот предел, тече релативно бавно. Просечната температура во лето изнесува 10,8°С а во зима 7,9°С. Длабочината на реката варира од еден до десет метра во најдлабоките делови. По својот хемиски состав водата е доста тврда, благо алкална и обилува со калциумови соли што го поттикнува растот на растителноста околу реката, па е богата со кислород. Дното на реката е тињесто. Реката изобилува со подводни спелеолошки наоѓалишта и врутоци. Првите истражување почнуваат во втората половина на XX век, а дотогаш подводниот свет на Гацка бил потполно непознат. Маеровиот Вруток се смета за спелеолошки најбогат, па во последно време нему му се посветува посебно внимание. Се смета дека преку половината од подводните премини и канали на Гацка сè уште не се истражени.
Туризам и риболов
уредиРазвојот на туризмот започнува во втората половина на XX век кога почнува изградба на туристички објекти на подрачјето на Гацка и околината. Голем придонес на популарноста на Гацка дале и Плитвичките Езера , бидејќи голем број на туристи патувајќи кон нив ги откриле убавините на Гацка. Денес главен облик на туризмот на тоа подрачје се рекреацискиот и селскиот туризам, а посебно е застапен и риболовот. Туристите имаат можност за разгледување на бројни стари воденици на реката од кои некои и денес се функционални. Заради строгата грижа за фауната во реката, риболовот е дозволен само во периодот од 1 март до 30 септември заради заштита на рибната популација. На некои места риболовот е целосно забранет. Посебно е позната поточната пастрмка.
Флора и фауна
уредиРеката Гацка е особено богата со флора и фауна. Во и околу неа растат 25 растителни видови од мов, алги до дрвенести растенија. Покрај 17 водни животински видови, во реката живеат поточната пастрмка (Salmo trutta), калифорниската пастрмка, штуката, белоногиот поточен рак. Гацка ѝ е дом и на човечката рипка која живее во длабоките врутоци и подрачјата на вечен мрак. Неодамна е покренат и проект за смалување на популацијата на калифорниска пастрмка бидејќи почнала сериозно да ја загрозува и потиснува автохтоната домашна пастрмка.
Галерија
уреди-
Маеров Вруток
-
Воденица на Маеровиот Вруток
-
Тонковиќев Вруток
-
Делови на воденица на Маеровиот Вруток
-
Поглед од мостот кај Личко Лешќе