Галичка Пештера
Галичката Пештера претставува една од најубавите пештери во Македонија сместена на падините на планината Орле на само 10 километри источно од брегот на Тиквешкото Езеро.[1]
Галичка Пештера | |
---|---|
Место | 10 км источно од Тиквешкото Езеро, Македонија |
Должина | 120 м |
Пештерата ја откриле членови на ПСД Орле од Кавадарци во 90тите години на XX век. Таа долго време се дрела во тајност, за да не ја уништат квазиавантуристи и диви копачи на злато. На покана на клубот од Кавадарци во пештерата дошло друштво од Ница, Франција кои утврдиле дека пештерата била стара околу 5 милиони години. Галичката Пештера крие многу редок феномен, а тоа се десетте бисери што ги откриле во пештерата. Пештерата е со должина околу 120 метри, а само влезот има должина од петнаесетина метри. Богата е со сталагмити и сталактити. Настанала од јаки порои. Некогаш во неа имало две езера, а едното од нив денеска е пресушено. Биле забележани лилјаци и еден многу редок вид ледена мравка.
Наводи
уредиОваа статија пештера во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |