Галичичка власеника
Галичичка власеника (Festuca galicicae ) е локален ендемичен вид растение во Национален парк Галичица.[1]
Опис
уредиГусто баздести растенија, со интравагинални изданоци. Стеблото 40-65cm високо.
Листови
уредиЛистовите се 0,5-1,1mm, бодливи. Јазичињата (0,6-)1,5-2,3 mm, без ушиња. Ракавците голи или со куси, густи влакненца, затворени до 1/5 од должината.
Цвет
уредиСоцветието 6-8cm. Класчињата 8,5-11,7 mm, слабо виолетово прошарени. Антерите виолетови, 2,5-4,5 mm долги. Плодникот влакнест.
Екологија
уредиПасишта и варовнички камењари во планинскиот и субалпскиот појас.
Распространетост
уреди- Галичица:Стара Галичица; на варовнички камењар,1920-2050m (leg.K.Micevski) (MKNH) ;
- Галичица:Петрино над с. Велестово, на пасишта на варовнички камењар. 1500-1650m (leg.K.Micevski) (MKNH);
- Галичица:на варовнички камeњар. 1800-2000м.m (leg.K.Micevski) (MKNH);
- Галичица:Стара Галичица; покрај патот за врвот во букова шума. 1750m (leg.K.Micevski) (MKNH);
Наводи
уреди- ↑ I.Horvat ex Mgf.-Dbg., Bot.Jouzn.Linn.Soc.76(4): 322-328 (1978)