Галерија Мартиноски

ликовна галерија во Крушево

Галеријата „Никола Мартиноски“галерија која се наоѓа во Крушево, Македонија. Галеријата постои од 1968 година и е посветена на крушевскиот експресионистички ликовен уметник Никола Мартиноски.[1] Самата галерија има создадено огромен број творби што се наоѓаат во многубројни јавни и приватни колекции. Таа содржи неколку десетици творби (масла, темпери, цртежи, графики) од неколку периоди во творештвото на Никола Мартиноски, почнувајќи од 1928 година наваму.[1][2]

Галерија „Никола Мартиноски“
Галеријата во 2020 година
Карта
Основан1968
МестоКрушево, Македонија
ТипГалерија
Галерија „Никола Мартиноски“
Карта
Општи податоци
СопственикИсториски музеј - Крушево
Технички податоци
Катови3

Историја

уреди
 
Обновената градба во 2020 година.

Со средства од Министерството за култура, во 2015 година била извршена реконструкција на галеријата. Реконструкцијата опфатила партерно уредување, оградување на просторот, обновена фасада. Отворањето на обновената галерија било во присуство на тогашната министерска за култура Елизабета Канческа Милевска. Реновираната галерија содржела 62 изворни уметнички слики на Мартиноски.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Галерија Никола Мартиноски“. Архивирано од изворникот на 17 април 2021. Посетено на 11 март 2022.
  2. „www.visitkrusevo.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-07-23. Посетено на 2021-08-11.
  3. „Министерката за култура ги посети реконструираната галерија „Никола Мартиноски" и оградениот „Македониум" во Крушево“. mkd.mk. 7 декември 2015. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2017. Посетено на 11 март 2022.
Книжевност

Надворешни врски

уреди