Галерија Мартиноски
Галеријата „Никола Мартиноски“ ― галерија која се наоѓа во Крушево, Македонија. Галеријата постои од 1968 година и е посветена на крушевскиот експресионистички ликовен уметник Никола Мартиноски.[1] Самата галерија има создадено огромен број творби што се наоѓаат во многубројни јавни и приватни колекции. Таа содржи неколку десетици творби (масла, темпери, цртежи, графики) од неколку периоди во творештвото на Никола Мартиноски, почнувајќи од 1928 година наваму.[1][2]
Галеријата во 2020 година | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1968 |
---|---|
Место | Крушево, Македонија |
Тип | Галерија |
Галерија „Никола Мартиноски“ | |
---|---|
Општи податоци | |
Сопственик | Историски музеј - Крушево |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Историја
уредиСо средства од Министерството за култура, во 2015 година била извршена реконструкција на галеријата. Реконструкцијата опфатила партерно уредување, оградување на просторот, обновена фасада. Отворањето на обновената галерија било во присуство на тогашната министерска за култура Елизабета Канческа Милевска. Реновираната галерија содржела 62 изворни уметнички слики на Мартиноски.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Галерија Никола Мартиноски“. Архивирано од изворникот на 17 април 2021. Посетено на 11 март 2022.
- ↑ „www.visitkrusevo.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2010-07-23. Посетено на 2021-08-11.
- ↑ „Министерката за култура ги посети реконструираната галерија „Никола Мартиноски" и оградениот „Македониум" во Крушево“. mkd.mk. 7 декември 2015. Архивирано од изворникот на 15 јуни 2017. Посетено на 11 март 2022.
- Книжевност
- Пенушлиски, Кирил (2016). Никола Мартиноски до 1945 (PDF). Скопје: НУ Национална галерија на Македонија. Посетено на 11 март 2022.[мртва врска]