Гавран Арамбаша и Лимо
Гавран Арамбаша и Лимо (српски: Гавран Харамбаша и Лимо) - српска епска (ајдучка) песна.
Содржина
уредиАјдучкиот арамбаша Гавран му пишува писмо на својот побратим, арамбашата Лимо, барајќи од него да ја собере дружината и потоа да се сретне со него во планината, каде треба да му постават заседа на арачлијата Фазли. Двете дружини неколку дена чекаат да помине Фазли со богатството, а Лимо го губи трпението и му се заканува на Гавран дека ќе го убие, ако не му плати за изгубеното време. Тогаш, Гавран бега низ планината, но потоа ја здогледува поворката на арачлијата Фазли, кој се приближува придружуван од јунакот Петре Мркоњиќ, стотина Турци и триесет чувари. Ислашениот Гавран се враќа кај ајдуците, велејќи им се си одат дома, зашто не можат да ја совладаат придружбата на Фазли. Меѓутоа, Лимо не се плаши и поставува заседа при што тој го убива Петрета Мркоњиќ, а Стеван Росниќ го брака арачлијата Фазли. Кога го стигнува, Стеван сака да го убие, но Фазли го моли да му го поштеди животот и Стеван го ослободува. Сепак, штом малку се оддалечува, Фазли му се заканува на Стеван Росниќ, кој го стигнува и го убива. Кога се враќа на местото на битката, Стеван гледа дека Гавран и неговата дружина погинале, а потоа правично им го дели пленот на ајдуците.[1]
Осврт кон песната
уредиЛимо, или Лимун, бил ајдук од дружината на Бајо Пивљанин која била активна кон крајот на XVII век. За него не се знае многу, но тој е често опеан во народните песни. Другите ликови во песната не се познати, со исклучок на Петар Мркоњиќ, кој бил ајдук, но во песната е опишан како придружник на турскиот арачлија.[2]