Габриел Е. Екштајн (јидиш: גבריאל עקשטיין) ― адвокат роден во Израел и професор на Правната школа при Тексашкиот A&M универзитет.

Габриел Екштајн

Екштајн е роден во Израел.[1] Студирал геологија и меѓународни односи на Кентскиот државен универзитет пред да стане магистер по меѓународни работи на Флоридскиот државен универзитет. Екштајн станал доктор по правни науки, проследено со магистер по право во меѓународно право за животна средина на Вашингтонскиот правен колеџ.[2][3]

Екштајн му била дадена дозвола за вршење на адвокатска дејност во Њујорк, Западна Вирџинија и Вашингтон. Тој служел како советник за голем број национални и меѓувладини организации, вклучително и агенција за меѓународен развој на Соединетите Држави, Организацијата на американските држави и УНЕСКО. Во Првната школа при Тексашкиот технички факултет, Екстејн предавал како вонреден професор од 2003 година, а подоцна бил назначен за раководител за правни води во 2006 година Тој се префрлил на Правната школа при Тексашкиот веслејан универзитет во 2010 година и се приклучил на Правната школа при Тексашкиот A&M универзитет во 2013 година.[2] Во 2018 година, Екштајн бил избран за претседател на Меѓународното здружение за водни ресурси.[4]

Наводи

уреди
  1. „Gabriel Eckstein“. Texas A&M University School of Law. Посетено на 25 април 2021.
  2. 2,0 2,1 „Gabriel E. Eckstein (CV)“ (PDF). Посетено на 25 април 2021.
  3. „Gabriel Eckstein (short bio)“ (PDF). Texas A&M University School of Law. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-08. Посетено на 25 април 2021.
  4. „Eckstein Elected President of International Water Resources Association“. Texas A&M University School of Law. 11 декември 2018. Посетено на 25 април 2021.