Хромозом 2 (човек)
Вториот човечки хромозом или хромозомот 2 е еден од 23 пара на хромозоми кај луѓето. Луѓето обично имаат по две копии од овој хромозом. Тој е воедно и вториот најголем хромозом во човечкиот кариотип, кој опфаќа или е составен од 237 милиони базни парови.[1] (градбените единки на ДНК) и претставува речиси 8% од вкупната ДНК во клетките.
Бројот на гени кои се наоѓаат на овој хромозом значително варира. Најверојатно овој хромозом содржи 1491 ген, вклучувајќи го и HOXD хомеобокс генскиот збир (кластер), кој ја одредува положбата на сите делови од телото (глава, гради, екстремитети).
Еволуција
уредиЗа хромозомот 2 се мисли дека е настанат по пат на соединување на два хромозома-предци.[2][3] Доказите за ова се:
- Сличноста на хромозомот 2 со два мајмунски хромозоми. Најблискиот човечки роднина, бонобо, има скоро идентични ДНК-низи со вториот човечки хромозом, но тие се наоѓаат на два одделни хромозома. Ист е случајот и кај подалечните роднини-горилата и орангутанот.[4][5]
- Присуството на вестигален центромер. Обично еден хромозом поседува само еден центромер, но хромозомот 2 се забележуваат и остатоци од втор центромер.[6]
- Присуството на вестигални теломери. Овие структури најчесто се наоѓаат на краевите од секој хромозом, но кај хромозомот 2 се забележуваат додатни теломерни низи во неговиот средиштен регион.[7]
Според горните тврдења, хромозомот 2 е силен доказ за заедничкото потекло на луѓето и останатите човеколики мајмуни.
Наводи
уреди- ↑ Hillier; и др. (2005). „Generation and annotation of the DNA sequences of human chromosomes 2 and 4“. Nature. 434 (7034): 724–31. doi:10.1038/nature03466. PMID 15815621.
- ↑ Human Chromosome 2 is a fusion of two ancestral chromosomes by Alec MacAndrew; accessed 18 мај 2006.
- ↑ Evidence of Common Ancestry: Human Chromosome 2 (video) 2007
- ↑ Yunis and Prakash (1982). „The origin of man: a chromosomal pictorial legacy“. Science. 215: 1525–1530. doi:10.1126/science.7063861. PMID 7063861.
- ↑ Human and Ape Chromosomes Архивирано на 6 септември 2017 г.; accessed 8 септември 2007.
- ↑ Avarello; и др. (1992). „Evidence for an ancestral alphoid domain on the long arm of human chromosome 2“. Human Genetics. 89: 247–9. doi:10.1007/BF00217134. PMID 1587535.
- ↑ IJdo; и др. (1991). „Origin of human chromosome 2: an ancestral telomere-telomere fusion“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 88: 9051–5. doi:10.1073/pnas.88.20.9051. PMID 1924367.