Втор триумвират на Аргентина

Вториот триумвират (шпански: Segundo Triunvirato) било владино тело на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, денес позната како Аргентина. Ова владино тело е наследник на Првиот триумвират од 1812 година, кратко време после Мајската револуција.

Втор триумвират

Segundo Triumvirato
Обединети покраини на Рио де ла Плата
Тип
Тип
Историја
Основан1812
Распуштен1814
Претходен составПрв триумвират
Следен составВрховен директор на Обединетите покраини на Рио де ла Плата
Места3
Белешки
Поврзано:
Собрание од 13 година

Историја

уреди

Вториот триумвират е резултат на револуцијата од 8 октомври 1812 година, кога генералите Хосе де Сан Мартин и Карлос Марија де Алвеар ги здружиле силите со поранешните поддржувачи на Маријано Морено и го распуштиле Првиот триумвират. Кога членовите на Првиот триумвират биле сменети, Кабилдо назначил нови. Николас Родригес Пења бил назначен со 172 гласа наспроти 12, Антонио Алварез Хонте со 147 наспроти 35 и Хуан Хосе Пасо со 96 наспроти 87. Новиот триумвират го повикал Собранието од 13 година, настан кој Првиот триумвират одбил да го организира.[1] Триумвиратот започнал со работа на 8 октомври 1812 година.

Главните дејствија на Триумвиратот биле:

На Собранието од 13 година се одлучило Триумвиратот да се замени со функција бавувана од 1 човек, Врховен директор на Обединетите покраини на Рио де ла Плата. Така Триумвиратот завршил со функционирање на 22 јануари 1814 година и Хервасио Антонио де Посадас станал првиот Врховен директор на новата држава (денес оваа функција е позната како „претседател на Аргентина“).

Членови

уреди
Првични членови на Триумвиратот

Наводи

уреди
  1. Galasso, pp. 87-88

Литература

уреди
  • Segreti, Carlos (1980). La aurora de la Independencia. Memorial de la Patria (шпански). Tomo II. Buenos Aires: Editorial La Bastilla.
  • Ternavasio, Marcela (2007). Gobernar la Revolución (шпански). Buenos Aires: Editorial Siglo Veintiuno.
  • Galasso, Norberto (2009). Seamos Libres y lo demás no importa nada. Buenos Aires: Colihue. ISBN 978-950-581-779-5.

Поврзано

уреди