Второ послание на апостол Павле до Солуњаните — книга од Новиот завет напишана од страна на Апостол Павле. Авторот на посланието се смета дека бил апостол Павле бидејќи и самото послание започнува со стихот: „Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солуњаните во Бог, нашиот Татко, и Господа Исуса Христа“.

Фолио од папирус 46, што содржи Транскрипција 2 Коринтјаните 11:33-12:9 со вратени празни места (деловите во загради се нечитливи, скратени или недостасуваат и не се нужно потврдени со P46)

Ова послание се надоврзува на Првото послание на апостол Павле до Солуњаните, и според податоците било напишано најверојатно во Коринт, во околу 50 година и спаѓа во најстарите новозаветни текстови.

Градот Солун во Македонија бил вториот град во Европа каде апостол Павле основал христијанска заедница, веднаш по Филипи (кај денешно с. Рахче), исто така во Македонија. По неколку месеци од првото послание, апостол Павле го напишал и второто послание како одговор на двоумењето на Солуњаните околу повторното доаѓање на Исус. Апостол Павле потенцирал дека тоа нема да се случи толку бргу како што тие сметале, и кажува дека пред доаѓањето ќе се појават јасни знаци. Тој нагласил дека Господовиот ден нема да дојде “додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над сè, што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог.”

Содржина

уреди

Посланието започнува така што апостолот Павле, во свое име и во името на соработниците Силван и Тимотеј, упатува пофалба до верниците за нивната истрајност во верата, наспроти прогоните и страдањата. Притоа, тој ги уверува дека ќе најдат утеха во доаѓањето на Исус Христос, кој ќе ги казни нивните прогонители. Исто така, апостолот им порачува да не се колебаат во вербата за повторното доаѓање на Христос, што ќе се случи откако претходно ќе биде откриен и уништен неговито противник. Во продолжение, апостолот ги советува верниците постојано да се молат за ширење на верата, да бегаат од лошите луѓе, да не се дружат со верниците кои не живеат уредно и, следејќи го неговиот личен пример, постојано да работат за да го заслужат својот леб.[1]

Апостол Павле во посланието предупредува:

Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта

Посланието е поделено во три глави. Во првата глава, Павле му се заблагодарува на Бог што се зголемува љубовта и верата помеѓу жителите на Солун. Во втората глава го објаснува повторното доаѓање на Исус Христос, додека пак во третата упатува критика:

Зашто и кога бевме со вас, ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде! Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 260-261.