Втора артилериска бригада на четириесет и осмата дивизија
Втората артилериска бригада на 48 македонска дивизија — бригада на НОБ во Македонија.[1]
Втора артилериска бригада на четириесет и осмата македонска дивизија | |
---|---|
Активна | 18 февруари 1945 |
Земја | Македонија |
Вид | артилерија |
Големина | 1191 борци |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Историјат
уредиБригадата била основана на 18 февруати 1945. Оваа бригада е формирана од 2 дивизион на Првата македонска артилериска бригада, која бил расформирана по божиќните протести. .[1]
Командант на оваа бригада бил Илија Попевски во март 1945, а потоа бил Боро Милевски, а од март натака бил Димитрие Гулевски - Гулас. Политички комесар бил Блаже Стефановски, а негов помошник бил Љупчо Мариновски - Бисера. Началник на штабот бил Андреја Русјаковски. .[1]
Со наредба на НОВЈ, бригадата прво била испратена за Белград на 2 март 1945. Тогаш бригадата имала 1191 борец, од кои 96 старешини, 9 политички комесари, 188 подофицери, 864 војници и 4 жени. Таму добиле ново оружје и била приклучена кон 48 македонска дивизија, дел од 15 македонски корпус. Бригадата подоцна била испратена на Сремскиот фронт, каде загубила само 5 борци.[1]
Наводи
уредиПоврзано
уреди