Вроден имунолошки систем
Вроден имунолошки систем или неконкретен имунолошки систем ги вклучува имунолошките механизми кои се присутни во организмот уште од раѓање.
Анатомски бариери
уредиАнатомска бариера | Дополнителни одбранбени механизми |
---|---|
Кожа | Пот, десквамација, органски киселини[1] |
Гастроинтестинален тракт | Перисталтика, желудочна киселина, жолчни киселини, дигестивни ензими,тиоцијанат,[1] дефензини,[1] цревна флора[1] |
Респираторни патишта и бели дробови | Мукоцилијарен елеватор, сурфактант,[1] дефензини[1] |
Назофаринкс | Мукус, плунка, лизозим[1] |
Очи | Солзи[1] |
Анатомските бариери вклучуваат физички, хемиски и биолошки бариери. Епителните површини формираат физичка бариера која е непропустлива за повеќето инфективни агенси, и делува како прва линија на одбрана против инвазивните организми.[1] Десквамацијата на епителот на кожата исто така помага да се отстранат бактериите и другите инфективни агенси кои адхерираат на епителната површина. Недостигот на крвни садови и неможноста на епидермисот да задржува влага, присуството на лојни жлезди во дермисот создаваат средина која е непогодна за опстанок на микробите.[1] Во гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, движењето поради перисталтиката односно цилиите, помага да се отстранат инфективните агенси.[1] Исто така, мукусот ги задржува инфективните агенси.[1] Цревната флора може да ја превенира колонизацијата на патогени бактерии преку секреција на токсични супстанции или преку конкуренција со патогените бактерии за хранливи материи или за поврзување со клеточните површини.[1] Солзите и плунката вршат измивање што превенира инфекции на очите и устата.[1]
Клетки
уредиСите бели крвни клетки се познати како леукоцити. Леукоцитите се разликуваат од останатите клетки во организмот во тоа што не се силно поврзани со одреден орган или ткиво; како резултат на тоа, нивната функција е слична со независните, едноклеточни организми. Леукоцитите се способни да се движат слободно и да интерреагираат и да го заробат клеточниот отпад, страните честички и микроорганизми. За разлика од другите клетки во организмот, леукоцитите не можат да се делат и репродуцираат, туку тие се производи на мултипотентните хематопоетски матични клетки присутни во коскената срцевина.
Во групата на леукоцити спаѓаат: клетките-природни убијци, маст клетките, еозинофилите, базофилите; и фагоцитните клетки во кои спаѓаат макрофагите, неутрофилите, и дендритските клетки, и функционираат во рамките на имуниот систем преку идентификација и елиминација на патогените кои можат да предизвикаат инфекција.
Специфичност кон патогени
уредиРазлични делови од вродениот имунолошки систем имаат различна специфичност кон различни патогени.
Патоген | Главни примери[2] | Фагоцитоза[2] | Комплемент[2] | NK клетки[2] |
---|---|---|---|---|
Внатреклеточни и цитоплазматски вируси | да | не | да | |
Внатреклеточни бактерии | да (особено неутрофилите, не за рикеции) | не | да (не за рикеции) | |
Вонклеточни бактерии | да | да | не | |
Внатреклеточни протозои | не | не | не | |
Вонклеточни протозои | да | да | не | |
Вонклеточни габи | не | да | да [3] |
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 IMMUNOLOGY - CHAPTER ONE - INNATE (NON-SPECIFIC) IMMUNITY Gene Mayer, Ph.D. Immunology Section of Microbiology and Immunology On-line. University of South Carolina
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Doan T (2008). Immunology. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 172. ISBN 978-0-7817-9543-2.
- ↑ http://www.jimmunol.org/content/173/5/3357.full.pdf