Вроден имунолошки систем

(Пренасочено од Вроден имунитет)

Вроден имунолошки систем или неконкретен имунолошки систем ги вклучува имунолошките механизми кои се присутни во организмот уште од раѓање.

Вроден имунолошки систем.

Анатомски бариери

уреди
Анатомска бариера Дополнителни одбранбени механизми
Кожа Пот, десквамација, органски киселини[1]
Гастроинтестинален тракт Перисталтика, желудочна киселина, жолчни киселини,
дигестивни ензими,тиоцијанат,[1] дефензини,[1]
цревна флора[1]
Респираторни патишта и бели дробови Мукоцилијарен елеватор, сурфактант,[1] дефензини[1]
Назофаринкс Мукус, плунка, лизозим[1]
Очи Солзи[1]

Анатомските бариери вклучуваат физички, хемиски и биолошки бариери. Епителните површини формираат физичка бариера која е непропустлива за повеќето инфективни агенси, и делува како прва линија на одбрана против инвазивните организми.[1] Десквамацијата на епителот на кожата исто така помага да се отстранат бактериите и другите инфективни агенси кои адхерираат на епителната површина. Недостигот на крвни садови и неможноста на епидермисот да задржува влага, присуството на лојни жлезди во дермисот создаваат средина која е непогодна за опстанок на микробите.[1] Во гастроинтестиналниот и респираторниот тракт, движењето поради перисталтиката односно цилиите, помага да се отстранат инфективните агенси.[1] Исто така, мукусот ги задржува инфективните агенси.[1] Цревната флора може да ја превенира колонизацијата на патогени бактерии преку секреција на токсични супстанции или преку конкуренција со патогените бактерии за хранливи материи или за поврзување со клеточните површини.[1] Солзите и плунката вршат измивање што превенира инфекции на очите и устата.[1]

Клетки

уреди

Сите бели крвни клетки се познати како леукоцити. Леукоцитите се разликуваат од останатите клетки во организмот во тоа што не се силно поврзани со одреден орган или ткиво; како резултат на тоа, нивната функција е слична со независните, едноклеточни организми. Леукоцитите се способни да се движат слободно и да интерреагираат и да го заробат клеточниот отпад, страните честички и микроорганизми. За разлика од другите клетки во организмот, леукоцитите не можат да се делат и репродуцираат, туку тие се производи на мултипотентните хематопоетски матични клетки присутни во коскената срцевина.

Во групата на леукоцити спаѓаат: клетките-природни убијци, маст клетките, еозинофилите, базофилите; и фагоцитните клетки во кои спаѓаат макрофагите, неутрофилите, и дендритските клетки, и функционираат во рамките на имуниот систем преку идентификација и елиминација на патогените кои можат да предизвикаат инфекција.

Специфичност кон патогени

уреди

Различни делови од вродениот имунолошки систем имаат различна специфичност кон различни патогени.

Патоген Главни примери[2] Фагоцитоза[2] Комплемент[2] NK клетки[2]
Внатреклеточни и цитоплазматски вируси да не да
Внатреклеточни бактерии да (особено неутрофилите, не за рикеции) не да (не за рикеции)
Вонклеточни бактерии да да не
Внатреклеточни протозои не не не
Вонклеточни протозои да да не
Вонклеточни габи не да да [3]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 IMMUNOLOGY - CHAPTER ONE - INNATE (NON-SPECIFIC) IMMUNITY Gene Mayer, Ph.D. Immunology Section of Microbiology and Immunology On-line. University of South Carolina
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Doan T (2008). Immunology. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 172. ISBN 978-0-7817-9543-2.
  3. http://www.jimmunol.org/content/173/5/3357.full.pdf