Време - јужнокорејски филм од 2006 година, во режија на Ки-дук Ким, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џунг-ву Ха, Џи-Јеон Парк, Сунг Хјун-ах и Џун-јеонг Џанг.

Синопсис

уреди

Зе-хи (ја игра Џи-Јеон Парк) и Џи-ву (го игра Џунг-ву Ха) се во врска веќе две години. Таа е љубоморна на својот партнер и се плаши дека нему ќе му здодее нејзиното лице и дека ќе ја остави. Затоа, таа ненадејно исчезнува и оди кај пластичен хирург во потрага по ново лице. Џи-ву не знае каде исчезнала неговата партнерка, а кога ќе ја сретне со новото лице, тој воопшто не ја препознава. Него го привлекува новата жена (ја игра Сунг Хјун-ах) на која ѝ кажува дека многу му недостига Зе-хи. Набргу, ниту „новата врска“ не го прави среќен, а потоа тој ја дознава вистината.[1]

Наводи

уреди