Врвовите на Зеленгора

„Врвовите на Зеленгора“ (српскохрватски: Врхови Зеленгоре) — филм на режисерот Здравко Велимировиќ од 1976 година. Главните улоги ги играат: Сергеј Бондарчук, Велимир Бата Живојиновиќ, Вељко Мандиќ, Алан Нури и Радош Бајиќ.[1]

Синопсис

уреди

Во текот на пресудниот ден од битката на Сутјеска во 1943 година, германската војска го затвора обрачот околу главниот дел од партизанските единици, оставајќи само тесен премин на Зеленгора, меѓу Љубин Гроб и Кошут. Според стратегиското значење, најважната борба се одвивала кај Љубин Гроб, каде припадниците на втората чета од третиот батаљон на четвртата пролетерска црногорска бригада, иако многу послаби од непријателот, ја преземаат задачата да го пбранат преминот...

Наводи

уреди