Зеленгора
Зеленгора е планина во Република Српска, БиХ, која се налаоѓа во склоп на Националниот парк Сутјеска.
Географија
уредиСе наоѓа кај границата со Црна Гора, а поделена е помеѓу 3 општини: Гацко, Калиновик и Фоча. Најпозната е по голем број на леднички езера, од кои најпознати се Котланичко езеро, Орловачко езеро, Штиринско езеро, Југово езеро, Доње Баре, Горње Баре и др.[1] Во централниот масив на Зеленгора , Брегоч (2.014 -{m}-) е највсоката точка. Планината Зеленгора е ограничена од север со јелечките планини Хусад и Радомишља, од северозапад со Загорје, Вучјите ридови и Обље, од запад, југозапад и југ со реката Неретва, Гредеља, со утоката на Јабушница, Сутјеска, од југоисток и исток со кањот на Сутјеска, реката Сутјеска, планината Волујак и Маглиќ (планина), од североисток со Малуш планина и планината Руд. Целиот комплекс на Зеленгора опфаќа околу 150-160 -{км2}- површине[2].
Зеленгора има богата флора и фауна, особено во делот каде се налаоѓа прашумата Перуќица.
Занимливости
уреди- За време на Втората светска војна, 10 јуни 1942 година на планината е основана Четвртата пролетерска црногорска ударна бригада.
- Исто така на планината на 12 и 13 мај 1945 година се одиграла Битката на Зеленгора помеѓу четниците и партизаните.
Туризам
уредиЕдна од најубавите планини во Босна и Херцеговина привлекува голем број на луѓе, како од регионот така и од државите на западна Европа, посакуван одмор и лесна рекреација, а на нејѕините висорамнини почнуваат да се одржуваат ралични манифестации кои промовираат чист воздух и богата разновидност на растително и животинско царство на Зеленгора. Една од тие манифестации се Денови на боровницата (Зеленгора) (Дани боровнице) а исто така е популарна и планинарската акција "Езерата на Зеленгора" ("Језера Зеленгоре"), во рамки на која се организираат тури до нејѕините 6 езера.[3][4]
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди„Зеленгора“ на Ризницата ? |
- Чланак о планини на -{www.gacko.net}-[мртва врска] (српски)
- Чланак о планини на -{www.summitpost.org}- (англиски)
- Чланак о планини на -{www.zelengora.net}- (српски)
- ↑ PLANINARSKO DRUŠTVO BJELAŠNICA Архивирано на 16 септември 2008 г., Посетено на 5 април 2013.
- ↑ Zelengora[мртва врска], Посетено на 5 април 2013.
- ↑ „Плаво злато зелене планине Зеленгоре“. Глас Српске -. Архивирано од изворникот на 2014-08-06. Посетено на 5 август 2014.
- ↑ „Традиционална манифестација "Дани боровнице" на Зеленгори“. РТРС -. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 5 август 2014.