Врањанска градска песна

Врањанска градска песна е традиционална градска песна која била создадена и која се пее во Врање. Се пее од втората половина на XIX век до денес и во А капела и во вокално-инструментални аранжмани. Врањанската градска како изведувачка пракса развиена е помеѓу бројни музичари, пејачи и инструменталисти на подрачјето на Врање. Ставена е во Национален регистар на нематеријално културно наследство на Србија од 2012 година.[1]

Врањанска градска песна
250px
Плоштад на ослободувањето во Врање, помеѓу 1878 и 1918 година
Поврзница[1]
Врање, Бел мост (подигнат во 1844 година)

Одлики

уреди

Содржината на песната се однесува на конкретни места, личности и настани во самиот град. Со тажни, тихи и мирни стихови се опишува животот, обичаите и љубовта кои се раѓале и исчезнувале, а со бавни и спори ритмови се будат најдлабоките чувства.[2]

Мелодиската линија ја одликува подвижност, склоност кон нагли, но нежни скокови и суптилна орнаментика. Метро-ритмичката основа ја сочинуваат рамномерни и мешовити тактови и ритмот рубато (rubato). Естетскиот императив е суптилност на пејачевиот глас и преданоста на содржината на песнат, со високи морални ставови кои пејачот ги произнесува како личност.[1]

Она по што се специфични и нашироко препознатливи е господската и мирна атмосфера во која се пејат. Спорите ритмови и музичкото ткиво се комбинација од западните и отоманските скали, што е уште една посебност на оваа стара градска песна. За да се донесе Врањанската песна на прав начин, многу е важно како ја доживува певачот кој што ја интерпретира. Со оглед на тоа дека се знаат околностите во кои настанала скоро секоја песна, значајно е пејачот да ја чувствува. Само така веродостојно може да се пренесе на слушателите онаа што во песната сака да се каже.

Манифестација

уреди
 
Стана Аврамовиќ Караминга

Во Врање од 2019 година се одржува манифестацијата Врањанска градска песна. Повод бил 50 години од смртта на Стана Аврамовиќ Караминга, позната врањанска пејачка.[2]

Значење

уреди

Преку Врањанските градски песни, т.е. текстовите на овие песни, стекнуваме јасен увид во Врањанската градска култура, и особено во некои нејзини посебни аспекти, како што се: игра, говор, традиционална свадба, слава, итн.

Со зачувување на Врањанската градска песна, се чува и традиционалната облека, карактеристична за Врање и неговата околина.

Многу често и детално се споменуваат делови од амбиентот и архитектурата. Врањанската градска песна така го одржува сеќавањето на културата и урбаниот контекст во кој живееле жителите на градот Врање во втората половина на 19-от и почетком на 20-от век. Со негување на Врањанската градска песна така воедно се негува и карактеристичниот врањски дијалект.[3]

Врањските народни песни некогаш ги пееле Стана Аврамовиќ Караминга, Станиша Стошиќ, Василија Радојчиќ. Денес од заборав ги чуваат Бранимир Стошиќ Каце, Ивана Тасиќ, Чеда Марковиќ и др.

Инспирацијата за пишување и пеење на врањски градски песни се наоѓа во народот, обичаите и вистинските животни приказни. Токму секојдневните разговори, среќните и несреќните љубови, пријателствата и специфичноста на оваа поднебје, ги инспирирале генерациите пејачи да ги претворат во тивки, нежни и мелодични стихови.

„Димитријо, сине Митре” „Садила мома лојзе са бело гројзе”, „Магдо, мори, Магдо”, „Петлови појев, Морава”, „Кажи Суто, кажи душо”, „Тоља амамџија” само се некои од познатите врањски песни.

Врање е град кој нашироко е познат по музиката, песните и игрите. Покрај градската песна по која се прославил Станиша Стошиќ, многу попурен е и врањскиот мелос, кој најверно го пренел познатиот книжевник Бора Станковиќ низ своите романи „Нечиста крв” и „Коштана”. Врање е познато и по прекрасните трубачи, од кои најпознат бил оркестарот на Бакија Бакиќ, а народна игра специфична за Врање е веселиот врањски чочек.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Врањска градска песма“. nkns.rs. Посетено на 17 мај 2019.
  2. 2,0 2,1 „Врањска градска песма у част Стане Караминге“. rtv-vranje.rs. Архивирано од изворникот на 2019-05-17. Посетено на 17 мај 2019.
  3. „Vranjska gradska pesma i širi kulturni kontekst (2)“. vranjenews.rs. Посетено на 17 мај 2019.
  4. „Врањска градска песма“. serbia.com. Посетено на 31 мај 2019.