Во мусафирханата (српски: U musafirhani) — расказ на писателот Иво Андриќ.

Содржина

уреди

Католичкиот калуѓер фра Марко Крнета е задолжен да управува со мусафирханата — посебен дел од манастирот во кој ноќеваат Турците кои се на пропатување. Еден ден пристигнуваат тројца јаничари, од кои едниот е тешко болен при што болниот им го оставаат на нега на калуѓерите. Марко со несебична енергија се грижи околу него, а кога гледа дека јаничарот нема да преживее, тој си поставува задача да го покрсти. Сепак, јаничарот умира без да ја промени верата.[1]

Осврт кон делото

уреди

Четири раскази на Андриќ, „Во мусафирханата“, „Во занданата“, „Исповед“ и „Покрај казанот“, се посветени на католичкиот калуѓер Марко Крнета. Во нив, авторот сликовито го портретирал ликот на калуѓерот како суров селанец, човек на елементарната природа, но со невино срце зачудено пред злото со кое е обвиен светот. Притоа, Андриќ ја создава личноста на фра Марко супериорно интелектуално и несентиментално, но и без иронија кон неговата неученост и примитивност.[2]

Наводи

уреди
  1. „U musafirhani“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 87-98.
  2. Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 163-164.