Во здраво тело здрав дух

Во здраво тело здрав дух (лат. [Sit] mens sana in corpore sano) е една од најпознатите латински изреки. Оваа изрека произлегува од делото на прашањето што треба луѓето да посакуваат во животот. Одговорот се состои од долга список на нешта:

да се молиме за да ни биде здрав духот во здраво тело.
побарај смела душа која не се плаши од смрт,
за која векот животен е најневажниот дар од природата,
која може да истрпи какви било страдања,
што не знае за срџба, не соблазнува по ништо и верува
во маките и суровите подвизи Хераклови повеќе отколку
во задоволствата, пирувањето и перјаните постели на кралот источен.
ќе ти откријам што можеш себеси да си дадеш;
сигурен пат кон спокојот лежи во доблеста.

orandum est ut sit mens sana in corpore sano.
fortem posce animum mortis terrore carentem,
qui spatium vitae extremum inter munera ponat
naturae, qui ferre queat quoscumque labores,
nesciat irasci, cupiat nihil et potiores
Herculis aerumnas credat saeuosque labores
et uenere et cenis et pluma Sardanapalli.
monstro quod ipse tibi possis dare; semita certe
tranquillae per uirtutem patet unica uitae.
(10.356-64)

Сатиричната смисла на фразата, дека би било убаво да се има и здрав дух во здраво тело, е релативно поново толкување на она што Јувенал веројатно сака да каже. Потрадиционалната критика смета дека со ова Јувенал сакал да ги потсети сите свои сонародници кои кажувале глупави молитви дека на човека впрочем му треба да се моли само за физичко и духовно здравје.

Со текот на времето, како и со оддалечувањето од предвидениот контекст, оваа фраза добила низа значења. Едно од образложенијата е дека само во здраво тело човек може да има здрав дух. Во поопшта употреба, фразата се користи како совет дека на човека му е потребна здрава рамнотежа во начинот на живот.

Се смета дека оваа фраза се темели (или дури дека парафразира) изрека од грчкиот филозоф Талес.

Занимливости

уреди

Ова била најомилена изрека на американскиот претседател Хари Труман.

Поврзано

уреди