Во Солуна Еди куле

македонска народна песна

Во Солуна Еди кулемакедонска народна песна. Песната е посветена на некојси јунак кој во песната, лежел ранет и болен во тврдината Еди-куле во Солун. Песната има патриотски и ајдутски карактер.

„Во Солуна Еди куле“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:00 (Васка Илиева)

Текст

уреди

-Во Солуна Еди куле,
ранет јунак лежи,
болен лежи, тага пати,
сè љуто го боли.
Над глава му славеј пиле,
тажна песна пее.

Проговара ранет јунак
на славеј пиле:
- Не пеј пиле тажна песна,
тук' иди до дома.
Јас си имам, славеј пиле,
до две машки деца.

Да им кажеш, славеј пиле,
зошто сум в' зандани.
Да пораснат, да се борат,
за да ме осветат.
Сум се борел за слобода,
за Македонија.

Надворешни врски

уреди