Војна на невестите

Војна на невестите (англиски: Bride Wars) е американски комедијафилм од 2009 година. Филмот својата премиера ја имаше на 9 јануари 2009 и забележа успех во киноблагајните. Во главните улоги како пријателки но и во еден момент непријателки се појавуваат Кејт Хадсон и Ен Хетавеј.

„Војна на невестите (Bride Wars)“
Официјален постер
РежисерГери Виник
ПродуцентКејт Хадсон
Мат Лубер
СценаристГрег де Пол
Главни улогиКејт Хадсон
Ен Хетавеј
Крис Прат
Кендис Берген
Жанркомедија
МузикаЕдвард Шермур
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера9 јануари 2009
Времетраење89 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет30 мил. долари
Бруто заработка$112,368,758[1]

Синопсис

уреди

Лив (Кејт Хадсон)[2] и Ема (Ен Хетавеј) се најдобри пријателки уште од мали нозе. Одлично се сложуваат и секогаш биле спремни една на друга да си пријдат за помош кога било потребно. Тие исто така делат и еден женски сон – голема, совршена венчавка во најлуксузниот њујоршки хотел, Плаза. И двете го испланирале тој настан до најситни детали, од боја на конфети па сè до количината на калории во шлагот на тортата. Спрема тоа, воошто не е чудно дека и една и другата едвај ја чекаат веридбата, а сега, кога и тоа се случи, се‘ е спремно за случувањето ‘веначвка од соништата’. Инаку, Лив е успешна адвокатка која се навикнала во животот да го добива она што сака, вклучувајќи совршена работа и совршен мажм а Ема е учителка која секогаш ги ставала другите пред себе. Впрочем, и заради тоа тргнуваат стресни и напорни подготовки за свадбата, тие двете знаат дека може да рачунаат една на друга и дека заедно ќе го решат секој проблем. А така и беше се‘ додека не дознаа дека заради административни грешки датумите на нивните венчавки се поклопуваат. Ниту една од нив не е спремна на компромис и наскоро Лив и Ема се претвораат во најдобри непријателки, што доводи до низа и ниски удари, кој со текот на времето прераснуват во вистинска војна на невести.

Глумечка екипа

уреди
Глумци Ликови
Кејт Хадсон Оливија Лив Лернер
Ен Хетавеј Ема Ален
Кендис Берген Мериот Ст. Клер
Крис Пат Флечер
Брајан Гринберг Нејт Лернер
Стиви Хоуи Даниел

Филмски критики

уреди

Сепак, судејќи спрема напишаното на мрежното место Ротен Томатоес, тоа не беше доволно за спас на Војна на невестите. Критичарите оваа романтична комедија, со оцена од 12% ја сместија на самото дно. Лу Луменик од New York Post според изгледаното напиша вака: ‘Колку е лош овој филм, предвидлив и неивентивен е јасно веќе уште од самиот трејлер.’ Рик Гроен за Globe and Mail изјави: ‘Гледањето на овој филм за мене беше едно од најдосадните искуства во мојот живот. Тоа е како да седите пред расипан телевизор кој непрекинато го прикажува најлошиот ситком.’ Но сепак имаше и позитивни критики, а меѓу нив се најде и Стефан Вити од Newark Star Ledger: ‘Се‘ на се, ова е еден добар чик флик и солиден материјал за прв состанок.’

Наводи

уреди
  1. „Bride Wars (2009)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот 2018-11-01. Посетено на 2009-05-26.
  2. Siegel, Tatiana (April 6, 2008). „Bergen hitches "Bride". Variety. Архивирано од изворникот November 10, 2020. Посетено на November 7, 2020.

Надворешни врски

уреди