Восхит — социјална емоција која се чувствува кон кадарни луѓе, кои поседуваат талент, вештина или особина кои го надминуваат просекот.[1] Восхитот го олеснува социјалното учење во групи.[2] Восхитот е мотив за сопствениот развој преку учење со угледување и копирање на одредени одлики на предметот на восхит.[3]

Дефиниција

уреди

Сара Алгое и Џонатан Хајдт[1] восхитот го категоризираат како пофална емоција кон други луѓе, заедно со стравопочитот, воздигнувањето и благодарноста. Тврдат дека восхит е емоцијата што ја чувствуваме кон извонредностa што не е поврзана со моралот (т.е. кон некого со одлична вештина), додека воздигнувањето е емоцијата што ја чувствуваме кон моралната извонредност (т.е. кон некого со прекумерна доблест). Други автори, и двете емоции ги нарекуваат восхит, притоа правејќи разлика меѓу восхит од вештина и восхит од доблест.[4] Ричард Смит [3] восхитувањето го групира во асимилативните емоции насочени кон други, што ги поттикнува луѓето да се стремат да бидат како (асимилирани) оние на кои им се восхитуваат. Според него восхитот е спротивен на зависта, наведувајќи дека зависта нè тера да се чувствуваме фрустрирано од кадарноста на другите, за разлика од восхитот кој мотивира.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Algoe, S. B., & Haidt, J. (2009). Witnessing excellence in action: The ‘other-praising’ emotions of elevation, gratitude, and admiration. The journal of positive psychology, 4(2), 105–127.
  2. Haidt, J., & Seder, P. (2009). Admiration and Awe. Oxford Companion to Affective Science (pp. 4–5). New York: Oxford University Press.
  3. 3,0 3,1 Smith, R. H. (2000). Assimilative and contrastive emotional reactions to upward and downward social comparisons. Handbook of social comparison: Theory and research, 173–200.
  4. Immordino-Yang, M. H., McColl, A., Damasio, H., & Damasio, A. (2009). Neural correlates of admiration and compassion. Proceedings of the National Academy of Sciences, 106(19), 8021.