Волкот и седумте јариња на нов начин
Волкот и седумте јариња на нов начин —е советски музички цртан филм на Леонид Аристов, заснован на бајката „Волкот и седумте јариња“.
Сите ликови од цртаните филмови, во основа, комуницираат исклучиво со песни напишани од Јуриј Ентин на музиката на Алексеј Рибников.
Креатори
уреди- Сценарист и текстописец - Јуриј Ентин
- Режисер - Леонид Аристов
- Композитор - Алексеј Рибников
- Сценограф - Људмила Танасенко
- Оператор - Ернст Хаман
- Инженер за звук - Виталиј Азаровски
- Песни во изведба на: Ања Рибникова, Татјана Дасковскаја, Гари Бардин, квартетот Насмевка
- Уметници - Аниматори: Аида Зјабликова, Валери Шуленин, В. Роганов, Сергеј Олифиренко, Олга Анашкина
- Асистенти:
- во режија на М. Коваленскаја
- уметник - Е. Зеленина
- Монтажа - Т. Дунаева
- Музички уредника - Н. Алехина
- Уредник - Е. Ходина
- Директор на слика Г. Федорова
Заплет
уредиПочетокот на заплетот соодетствува со содржината на бајката: козата-мајка заминува во зеленчукова градина по зелка, строго советувајќи им на седумте јариња да се заклучат со седум брави и да одговорат само на нејзиниот глас. Оставени сами, децата пеат и танцуваат, привлекувајќи го на тој начин волкот. За да влезе внатре, волкот се преправа дека е мајката коза, пеејќи песна:
- Отворете ја вратата на мајка ви брзо!
- Уморен сум, гладна сум како звер!
Но, запомнувајќи ги советите на мајката, децата одговараат од зад вратата:
- Твојот глас воопшто не е како на мајка ни!
- Твојот глас е дебел и ти пееш фалш!
Колку и да се обидува волкот да ги измами децата, тие не го пуштаат да влезе внатре:
- На прагот, очигледно, ќе умрам!
- Не ја пуштате вашата мајка дома!
- Отворете не си играјте будалчиња!
- Јас сум коза, но малку ми е гласот рапав...
Потоа, волкот оди во музичко училиште кај петелот, со молба да го научи да пее:
- Помогни ми, Петја, да научам да пеам.
- Како дете, мечка ме згазна на увото!
Откако добил часови за пеење вокал и проголтал неколку сурови јајца, волкот повторно се појавува пред малата куќа на јарињата. Пеејќи песна со тенок глас, тој ги замајува, а јарињата му ја отвораат вратата:
- Песната, мали деца и танцувањето заврши!
На кое едно од децата одговара:
- Умираме - така со музика! Пејте заедно, браќа!
Јарињата почнуват да пеат и танцуваат, било многу убаво и волкот не можел да одолее, така што и тој започнал да танцува.
Кога козата се вратила дома, видела хаос во празната куќа и помислила на крај дека волкот ги зел нејзините мали деца. Таа талкала низ шумата, пеејќи тажна песна, кога одеднаш слушнала силен аплауз во близина. Приближувајќи се до местото на забавата, таа ги видела волкот и јарињата како стојат на сцената и заедно пеат песна. Козата прегрнувајќи ги децата, на Волкот му подарува цвет.
Заплетот на бајката во делото на Јуриј Ентин
уреди- Цртаниот филм станало второ дело во креативниот пат на Јуриј Ентин според приказната за волкот и јарињата. Првата песна била напишана во 1960-ти години со музика на Владимир Шаински, снимена од пејачот Вадим Мулерман, која била забранета, имајќи предвид дека во нејзината содржина има навестување за влез на воени трупи во Чехословачка. Третото дело на Ентин на оваа тема бил советско-романски- француски филм „Мама“.[1]
- За објавување во формат на книга, Јуриј Ентин го пренесува заплетот на овој цртан филм во нова форма, наречена „Приказни со песни“. Песните биле оставени таму непроменети.
- Во 1977 година, во детското телевизиско шоу „Будилник“ било поставено телевизиско шоу, во кое улогите ги играле Ирина Муравјова, Сергеј Проханов, Евгениј Стеблов и четворица московски ученици.[2]
Поврзано
уреди- „Волкот и седумте јариња (цртан филм)“ - цртан филм во режија на Петар Носов.
Наводи
уреди- ↑ Салтыкова Е. (2016-02-13). „Как снимали фильм «Мама»: Волк и пятеро козлят“. wday.ru. Антенна-Телесемь. Посетено на 2019-07-27.
- ↑ "Волк и семеро козлят на новый лад"(1993) - YouTube