Водна зрнеста змија

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Големина

уреди

Должината на водната зрнеста змија достигнува до 1.2 м, што ја прави да биде најдолгата водна змија.

Каде може да се најде?

уреди

Таа може да се најде во Островите на Тихиот Океан, Филипините, Јапонија, Нова Гвинеја и во Југоисточна Азија.

Препознавање

уреди

Таа е препознатлива по нејзината светлосина боја на која се наоѓаат црно вертикално обоени траки, има мазна лушпа која е распространета по целото тело и карактеристичната смачкана опашка.

Особености

уреди

Смртната доза на отров од оваа змија изнесува од 1.5 мг. Овој тип на змија произведува 10-15 мг отров, така што секој убод може да убие 10 луѓе тоа ја прави да биде една од најстрашните и најопасните суштества на светот. Поголемиот дел од времето го поминува пливајќи залепена до дното на водите, и меѓу коралите чекајќи го својот плен риби и јагули. Повеќето жртви на оваа змија се рибарите кои биле каснати пробувајќи да ја отплеткаат змијата од нивните рибарски мрежи. Таа освен што излегува на површината да земе воздух излегува и кога треба да ја менува својата кожа, кога треба да се пари и кога треба да ги остави нејзините јајца.