Водни молци

ред инсекти
(Пренасочено од Воден молец)
Водни молци
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Надред: Amphiesmenoptera
Ред: Trichoptera
Подредови [1]

Annulipalpia
Spicipalpia
Integripalpia

Водни молци (научTrichoptera) — ред инсекти кои ги имаат сите фази на развој, а нивната ларва живее во вода. Фосилните остатоци датираат од периодот на кредата (пред 65 - 140 милиони години), што значи дека не се толку стари како еднодневките и камењарките, но сепак се многу стар ред на инсекти. На Балтичкото Море се идентификувани тогашни 140 видови на водени молци. Денес во светот постојат околу 7000 видови, а во Европа околу 400. Инсектите од овој ред многу варираат во големина, од само неколку милиметри па и до 4 cm. Нивната боја не е ни најмалку упадлива, во нијанси од светло крем, кафено па сè до потполно црно. На крилата обично имаат светли и темни шари кои се карактеристични за нив а имаат улога да се камуфлираат и така што се заштитат од грабливците.

Латинското име Trichoptera потекнува од зборот trichos што на грчки значи влакно и зборот pteron што на латински значи крила.

Морфологија

уреди

Водените молци на главата носат релативно долги антени. Нивните крила кога не летаат се во положба над телото, и изгледаат како кров на куќа, а некој ги опишуваат и како шатор. Предните крила им се пократки а задните нешто пошироки но во главно имаат иста должина. Кога инсектите мируваат нивните крила им го покриваат телото и се подолги од телото. Абдоменот кај возрасните единки се состои од девет сегменти, а тораксот од три. Овие видови донекаде потсеќаат на куќните молци, па од некаде ги нарекуваат водени молци иако не се тоа. Инаку, додека се во лет тие се многу слични, меѓутоа кога ќе слетаат сличноста престанува, бидејќи молците ги држат крилата во друга (хоризонтална) положба, и нивните крила се покриени со прав односно мали лушпички. Односно, молците се исклучително копнени, а водните молци водни. Но сепак границата меѓу овие сродни групи инсекти не е толку јако повлечена, па може да се сретнат молци кои донекаде личат на водените и обратно. Воглавно одликата и на едните и на другите е дека се слаби летачи.

Животен циклус

уреди

За разлика од еднодневките и камењарките, водените молци имаат потполн животен циклус карактеристичен за инсектите кој се состои од следните стадиуми: јајце, ларва, кукла и крилест инсект (имаго). Должината на инкубацијата на водните молци во јајцата зависи од температурата на водата во која што се наоѓаат. Колку е водата поладна тој период трае подолго. Повеќето од водените молци имаат едногодишен циклус, кој започнува со излегувањето на ларвата од јајцето. Сосема младите ларви се разликуваат од старите по димензиите на поедини делови на нивните тела. Водните молци имаат 4-6 ларвени стадиуми низ кои поминуваат. Ларвите побрзо растат во текот на летото, а поспоро во текот на зимата. Всушност, во текот на зимата се јавува стагнација во порастот. Постојат два типа на ларви од Trichoptera: оние кои градат куќички (еруциформни – форма на гасеници) и оние кои не градат куќички (камподеидни – форма на црви). На сите кои се блиски со живиот свет во реките и езерата познати им се водените молци кои градат цевчести заштитни куќички од најразличен достапен материал (песок, каменчиња, растителен материјал).

Изглед на ларвите

уреди

Формата на куќичката обично екарактеристичен за единки од иста врста или род, ама не можат да се сметаат доволно сигурни за точна идентификација. Се смета дека типот на куќичката е одреден според начинот на животот на ларвите или зависно од видот. На пример, ларвите кои живеат во брзи потоци градат куќички од потежок материјал (често вградуваат и по некој поголем камен), додека оние кои живеат во мирни води повеќе користат растителен материјал. Некои езерски видови дури наместо да градат куќички се вовлекуваат во цевчестите делови на сламките. Ларвите се движат по дното заедно со куќичките и со нивниот пораст постои потреба за изградување на сè поголеми куќички. Треба да се има предвид дека кај нас постојат ист број (по 6) фамилии водени молци кои градат и оние кои не градат куќички, но се смета дека има повеќе видови кои храдат куќички. Ларвите кои не градат куќички лазат по дното, а за него цврсто се држат со своите силни ножиња. Храната најчесто ја ловат со помош на мрежичка во вид на вреќа кои ги прават на дното од реката. Во спорите или мирни воид постојат и видови кои слободно пливаат. Некои ларви се хранат со други помали животни (месојади), а тоа посебно се однесува на ларвите од најголемите врсти за кој се смета дека можат да бидат опасни за популацијата на малите еднодневки во реките каде се намножуваат многу. Други ларви се оние коишто се хранат со растенија (хербивори), иако такви видови нема многу. Конечно најголем број ларви се сештојадни кои можат да користат најразлични извори на храна. Ларвите на водните молци претставуваат значајна храна за пастрмките, било оние кои градат куќички или не.

Кога ларвите ќе го завршат својот развој влегуваат во стадиум на кукли. Оние видови кои градат куќички се затвораат во нив и истите ги фиксираат на дното на реката. Ларвите кои не градат куќички создаваат некоја врста на засолниште од песок и каменчиња, обично направени на поголем камен на дното. Во тој период куклите создаваат заштитен оклоп околу себе и мируваат, а нивното тело се трансформира. Во периодот на кукла се случуваат значајни промени на телото на водените молци. Куклата ги добива основните одлики на возрасен инсект. Се формираат крилата, кој се поставени под телото. Исто така телото се формира потполно како и нозете. Под кошулката на куклата се наоѓа пораснатиот инсект кој во даден момент ќе излета од неа. Должината на овој период во животот на водените молци обично е околу две недели, иако тоа може да биде подолго или пократко.

Изглед на куклите

уреди
 
Кукла на воден молец.

За разлика од ларвите, изгледот на куклите е подруг – на нив се гледаат зачетоците на крилата и ножињата слични на оние кои ги имаат имагото. Кога ќе се заврши трансформацијата, куклите со своите силни вилици прават отвор од заштитниот оклоп и тргнуваат на неизвесен пат накај површината на водата. На површината доаѓа до релативно брзо пресоблекување, односно излетување на крилест имаго, воден црв од кошулката на куклата. Пресоблекувањето се случува така што на грбниот дел доаѓа до пукање на кошулката под притисок на гасовите кои тука се акумулираат. Низ тој отвор крилестиот инсект многу бргу излегува, неговите крила се ослободуваат и тој е способен да полета во воздухот. Излетувањето на единки о дист вид често може да биде масовно бидејќи во зависност од температурата на водата тие во ист период достигнуваат одредена фаза на зрелост. Најмногу видови излетуваат во лето и есен, а помалку во пролет. Некои видови излетуваат касно ноќе а некои со излегувањето на камењата на брегот – поради тоа куклите на тие видови најчесто избегнуваат да бидат изедени од пастрмките. Меѓутоа, куклите на оние видови кои излетуваат од отворена вода, а посебно оние кои тоа го прават додека има дневна светлина, се важна храна за пастрмките а со тоа и значаен пример за имитирање. Генерално, водените молци се многу широко застапена група инсекти и нивниот развоен стадиум се имитира со многу модели на имитација.

Наводи

уреди
  1. „Trichoptera“. Fauna Europaea. 2005-03-07. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 2007-06-08. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)