„Воајеризам“ — облик на сексуално психичко нарушување кое се манифестира во тајно набљудување на интимните односи на другите луѓе, како: соблекување, полова активност и други лични активности.[1] Американското психијатриско здружение го дефинира воајеризмот како чин на набљудување „поединци, најчесто непознати, ангажирани во полова активност, егзибионизам или разголување.“[2] Изразот потекнува од францускиот збор voir (што значи „гледа“). Некои облици на воајеризмот, Американското психијатриско здружение (American Psychiatric Association) ги смета за парафлија, особено ако тие предизвикуваат пречки во однесувањето на човекот.[3] It is described as a disorder of sexual preference in the ICD-10.[4] Меѓутоа, дијагнозата на психичко нарушување не се однесува на луѓето кои чувствуваат вообичаена сексуална возбуда предизвикана од гледање голотија или полова активност (на пример, при поглед на слика на гол човек или гледање филм со полови односи).[5]

Психолошка анализа на воајеризмот

уреди

Според Зигмунд Фројд, воајеризмот често е поврзан со егизбиционизмот при што процесот вообичаено се состои во следниве фази: најпрвин се јавува нагонот за набљудување како активност насочена кон други луѓе; потоа, надворешниот предмет се отфрла и човекот се свртува кон своето тело, со што активниот нагон се претвора во пасивен — да се биде набљудуван; најпосле, се воведува нов субјект кон кого се покажува егзибиционистот. Овде активната цел на сексуалниот нагон се јавува пред пасивната, односно гледањето претходи на желбата да се биде набљудуван. Според тоа, на почетокот, воајеризмот е автоеротски чин, т.е. тој нема надворешен предмет, туку е свртен кон своето тело. Дури подоцна (по пат на споредба) доаѓа до замена на себеси со надворешен предмет (телото на некој друг). Со тоа, воајеризмот се разликува од садизмот, каде не постои оваа прелиминарна фаза, туку тој е од самиот почеток насочен кон надворешниот предмет.[6]

Наводи

уреди
  1. Hirschfeld, M. (1938). Sexual anomalies and perversions: Physical and psychological development, diagnosis and treatment (new and revised edition). London: Encyclopaedic Press.[се бара страница]
  2. Metzl, Jonathan M. (2004). „Voyeur Nation? Changing Definitions of Voyeurism, 1950–2004“. Harvard Review of Psychiatry. 12 (2): 127–31. doi:10.1080/10673220490447245. PMID 15204808. S2CID 40085717.
  3. „BehaveNet Clinical Capsule: Voyeurism“. Behavenet.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 2011-11-29.
  4. „ICD-10“. Архивирано од изворникот на 2008-09-21. Посетено на 2008-09-13.
  5. Staff, PsychCentral. „Voyeuristic Disorder Symptoms“. PsychCentral. Архивирано од изворникот April 14, 2015. Посетено на April 16, 2015.
  6. Sigmund Freud. The Unconscious. London: Penguin Books, 2005, стр. 22-23.