Владин орган

(Пренасочено од Владини агенции)

Владин орган (владина агенција, државен орган, владин орган) — постојана или привремена организација, во владината машинерија која е одговорна за надгледување или администрирање на специфични функции од разни области. Иако некогаш се слични со надлежностите, сепак агенциите се разликуваат од министерствата и останати јавни органи и најчесто се користат како советодавни органи, иако ова секогаш не е многу јасно во пракса.

Владин орган може да основа исклучиво владата на определена земја, агенциите се воспоставаат преку донесување на закон или пак со владина одлука, во зависност од правниот систем во една земја. Во Република Македонија, владина орган основа владата на Македонија со одлука на влада. Дополнително системот на функционирање на органот а и нејзините надлежности можат да бидат определени со закон.

Историја

уреди

Рани примери на организации кои денес би биле именувани како владини, се среќаваат во Британија, каде бил формиран Британскиот поморски одбор, основан во 1546 од кралот Хенри VIII, кој се грижел за доставување намирници на бродовите.