Владимир Цветковиќ

Владимир Цветковиќ (српски: Владимир Цветковић, 24 мај 1941) е поранешен српски и југословенски кошаркар и спортски функционер.

Владимир Цветковиќ
Цветковиќ во дресот на југословенската репрезентација на Олимписките игри во Мексико, 1968 г.
Лични информации
РоденЛозница, Србија
НационалностСрбин
Информации за кариера
Играчка кариера1959–1972
ПозицијаНапаѓач
Историјат на кариера
1959–1972КК Црвена ѕвезда

Клупска кариера

уреди

Цветковиќ настапувал за KK Црвена Ѕвезда во текот на 13 сезони при што двапати бил првак на СФРЈ, а еднаш го освоил националниот куп.

Настапи за репрезентацијата

уреди

Цветковиќ бил член на југословенската репрезентација која го освоила својот прв олимписки медал на Олимписките игри во Мексико, во 1968 година.[1] Во полуфиналето, СФРЈ играла против репрезентацијата на СССР, а Цветковиќ дал пресуден придонес за победата на својата екипа. Имено, на седум секунди пред крајот, при резултат 61:61 за СФРЈ, тој погодил две слободни фрлања, зголемувајќи го водството на 63:61, а меѓу двете фрлања го бакнал свадбениот прстен за среќа. На крајот, натпреварот завршил со резултат 63:62 и така југословенската репрезентација се пласирала во олимпиското финале, каде изгубила од репрезентацијата на САД со резултат 50:65.

Покрај овој успех, со југословенската репрезентација, Цветковиќ ги освоил и сребрен медал на светските првенства во 1963 и 1967 година, како и сребрен медал на европското првенство во 1969 година.

Наводи

уреди