Вкус на црешна (филм)

„Вкус на црешна“ (персиски: ...طعم گيلاس; француски: Le Goût de la Cerise) — француско-ирански филм од 1997 година, во режија на Абас Кијаростами (Abbas Kiarostami), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Хомајун Ершади (Homayoun Ershadi), Абдолрахман Багери (Abdolrahman Bagheri), Сафар Али Моради (Safar Ali Moradi), Мир Хосеин Нури (Mir Hossein Noori) и Афшин Хоршид Бахтијари (Afshin Khorshid Bakhtiari). На Канскиот филмски фестивал во 1997 година, филмот ја добил главната награда, „Златната палма“.[1]

Синопсис

уреди

Господинот Бади (го игра Ершади) сака да изврши самоубиство. Поради тоа, тој се вози низ предградијата на Техеран барајќи некого кој ќе го закопа во гробот што веќе си го ископал надвор од градот. Најпрвин, тој среќава млад војник (го игра Моради) кому му нуди пари за услугата, но војникот не прифаќа да го изврши бараното дело и бега од автомобилот. Потоа, тој среќава еден Авганистанец (го игра Нури), кој учи теологија и поради тоа е противник на самоубиството. Најпосле, тој го среќава господинот Багери (го игра Багери), кој препарира птици во музејот. Багери прифаќа да му помогне на Бади, зашто му требаат пари за лекување на болното дете. Додека се возат заедно, Багери му кажува дека во минатото и самиот се обидел да изврши самоубиство, но откако не успеал, сфатил дека вреди да се живее. Истовремено, тој се обидува да го убеди Бади да се откаже од намерата. Ноќта, Бади легнува во гробот, а надвор започнува невреме. Тука се прекинува дејствието и филмот завршува со сцената во која екипата на Кијаростами го снима филмот...

Наводи

уреди