Јачменовото вино е силно англиско пиво од 6-12% алкохол по волумен.

Јачменово вино

Историја

уреди
 
Оглас за бас бр.1 јачменово вино

Првото пиво што се продавало како вино од јачмен било Бас бр. 1, околу 1870 година. [1]

Компанијата Енкор Бруинг го вовеле стилот во САД во 1976 година со своето пиво Олд Фогхорн кое го нарекле „јачменвино“(напишано како еден збор од страв дека појавувањето на зборот „вино“ на етикетата на пивото ќе ги вознемири регулаторите.[2]

Карактеристики

уреди

Јачменовото вино обично достигнува јачина на алкохол од 6 до 12% по волумен и се приготвува од специфична тежина до 1,120; еднакво на 320 g/L шеќери. Употребата на зборот „вино“ се должи на неговата алкохолна јачина слична на виното, но бидејќи се прави од жито наместо од овошје, тоа е пиво. Пиварниците во Соединетите Држави обично го пуштаат еднаш годишно во текот на есента или зимата.[3]

Наводи

уреди
  1. Watts, Henry. A dictionary of chemistry and the allied branches of other sciences, Volume (1872).
  2. Carter, Justin (2018-12-07). „Anchor Brewing | Old Foghorn Barleywine“. PorchDrinking.com (англиски). Посетено на 2020-05-08.
  3. Jones, Kendall (Winter 2018). „The Rise and Fall (and Rise) of Barleywine“. Sip Northwest. Winter 2018: 12.