Викторија Теодору

Викторија Теодору поет, раскажувач, романописец, преведувач, родена е 1928 година на Крит во Грција.

Животопис

уреди

Викторија Теодору дипломирала на Филозофски факултет во Атина. Иако млада, таа зела учество во Граѓанската војна и била дел од Народниот отпор во Грција против фашизмот. Поради своите напредни идеи и оружање отпир била затворена и поминала неколку години во затвор. Припадник е на група Поети на Отпор. Почесен член е на Друштво на писатели на Македонија[1].

Добитник е на почесно Рациново признание.

Дела

уреди
  • Песни, поезија, 1957 година;
  • Праг и прозорец, поезија, !962 година;
  • Северно предградие, поезија, 1966 година;
  • Кавал, поезија 1971 година;
  • Излет, поезија, 1973 година;
  • Пофалба, поезија, 1973 година;
  • Женски затвор, проза, 1975 година;
  • уранија, поезија, 1978 година;
  • Трајко, роман, 1979 година;
  • Сјајот на вечерницата, поезија, 1980 година;

Преведувач е поетската збирка Бели Мугри на Кочо Рацин. Нејзиниот превод доживеал две изданија.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.