Википедија:Образовна програма:ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино 2019/2020

Лого на Образовната програма на Википедија
Лого на Образовната програма на Википедија

Образовната програма на Википедија во ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии од разни области на Википедија на македонски јазик од страна на учениците на основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Потфатот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на потфатот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Програмските активности предвидени за спроведување во ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино во текот на учебната 2019/2020 се поддржани и се во рамките на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година од страна на Владата за што се одобрени финансиски средства за проектот „Образвание преку Википедија“ со Одлука на Владата, Приоритет 5: Реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија од 08.10.2019, (Проект: Образование преку Википедија, 29-28/1) во кој се вклучени и предвидени активности во училиштето ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино.

Цели

уреди

Работата на учесниците во овој образовен потфат е насочена кон остварување на следните цели:

  • создавање нови квалитетни статии од различни области;
  • подобрување на квалитетот и надополнување на постоечките статии;
  • зголемување на обемот на стручни содржини од различни области на македонски јазик.

Членови

уреди

04.12.2019 ( Вовед во Викиепедија)

Бр. Корисник Статија Придонеси
1 Корисник:‎Bsedit
2. Корисник:МикиНена
3. Корисник:Topchiev Kapone
4. Корисник:СимонаПен2008
5. Корисник:TodorDimov2008
6. Корисник:Hristijan80556
7. Корисник:Златен летач
8. Корисник:NikolaGold05
9. Корисник:Ace petrof
10. Корисник:Angelgjavol
11. Корисник: ‎FosFL
12. Корисник:‎Трајанче Стојанова
13. Корисник:Nevenkade / (неуспешен обид да се објави страницата поради малку бајти и проблеми со интернет врската)

Галерија

уреди

26.12.2019

Посета на Градскиот Музеј во Неготино

уреди

Според проектната програма поддржана од македонската влада, „Образование преку Википедија“ на 26 декември, учениците од ОУ Гоце Делчев во Неготино го посетија Градскиот музеј во Неготино предводени од професорката по француски јазик и книжевност Елизабета Трпковска. Целта на посетата беше да се соберат податоци од градскиот музеј, како и да се создадат фотографии со цел за нивно споделување на Викимедиината ризница, заедницата Викимедија, како и во статиите на Википедија.На овој настан присуствувале 25 ученици, кои создале околу 50 фотографии.

Галерија

уреди