На 15 јануари 2001, првиот ден на постоењето на Википедија, Џимбо Велс го искористил американското знаме како привремено лого на Википедија.

Првото вистинско лого на Википедија е поставено од страна на Стивен Џилберт како лого на Нупедија. Џимбо мислел дека би било многу подобро отколку американското знаме, па ова лого е задржано во наредните осум месеци.

Во ноември 2001, членовите на Википедија, почнаа да предлагаат нови логоа. Била составена кратка листа со најдобрите предлози. Победничко било логото поднесено од корисникот The Cunctator.

Откако ова лого било избрано, Марк Рајан, дизајнирал слично, но во боја.

Заради англискиот текст, ова лого не било идеално за корисниците на локализираните верзии на Википедија. Некои енциклопедии одбрале сличен дизајн со текст на нивниот мајчин јазик. Други го користеле ова лого, но додавале национални знамиња или дизајнирале комплетно поинакви логоа.

Подоцна организиран е меѓународен натпревар за да се најде лого за сите јазици. Корисникот Paullusmagnus го направил логото кое претставува сложувалка во сферна форма.


Првото лого


Второто лого


Последното лого