Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.

Двоичен броен системброен систем кој изразува бројчени вредности користејќи два симбола: 0 и 1, обично по пат на положбен запис со основа 2. Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти.

Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала, кој разработил математички начин на претставување на прозодијата. Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire). Во него систем, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.

Еден двоичен број може да се претстави со било која низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со било кој механизам што може да биде во заемно исклучителни состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. (Дознајте повеќе...)