Википедија:Избрана статија/2022/27
Ханза — трговски и одбранбен сојуз на трговски еснафи и нивните градови, кои ја воделе трговијата долж брегот на Северна Европа. Се протегал од Балтичкото до Северното Море, како и во внатрешноста кон крајот на средниот век и почетокот на новиот период (од XIII до XVII век).
Сојузот бил создаден да ги заштита економските интереси и дипломатски користи во градовите и земјите долж трговските патишта кои ги посетувале трговците. Градовите на Ханзата имале нивен правен систем и поседувале заедничка војска за заедничка заштита и помош. И покрај овие одлики, организацијата не била град-држава, ниту може да се нарече конфедерација на градови-држави; само мал број на градовите во сојузот поседувале автономија и слобода споредена со слободните царски градови.
Наследството на Ханзата може да се види и денес во неколку имиња, на пример германскиот авиопревозник Lufthansa (буквално: „Воздушна Ханза“), ФК Ханза Росток, Универзитет на применети науки Ханза во Гронинген, Холандија, пиварница Ханза во Берген, Ханзабанк во балтичките држави и Регата Ханза во Росток. ДДГ Ханза било големо германско бродско претпријатие од 1881 до неговиот банкрот во 1980. (Дознајте повеќе...)