Википедија:Избрана статија/2008/28
Неидентификуван летечки објект или НЛО, е каков било летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување.
Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни записи и први официјални истраги започнуваат да се пишуваат и спроведуваат дури за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сè поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел еден таков објект. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.