Википедија:Избрана статија/2007/34
Вектор — поим во математиката што означува секоја величина која во себе носи информација за количество (квантитет) и квалитет. Наспроти векторите, во математиката стојат скаларите кои носат информација само за количество. Така, грубо речено, на пример, величината: три килограми е скаларна, додека величината: три килограми јаболка е векторска. Но, под квалитет во математиката може да се подразбираат и некои својства кои не чинат смисла за нематематичарите. Така на пример, отсечките може да ги сметаме за вектори, ако ги насочиме, т.е. ако условно кажеме каде почнува, а каде завршува отсечката. Во овој случај квалитетот е насоката, а за квантитет би ја зеле должината на отсечката. Од друга страна секој скалар може да го сметаме за вектор со квалитет еднаков на нула, при што смислата на квалитетот во овој случај е философска, т.е. имплицитна. Во физиката векторски величини се, на пример, брзината, забрзувањето, силата, импулсот и сл.
Најчестото толкување на векторите е геометриското - векторот е насочена отсечка од рамнината или просторот. Ова толкување има многу практична примена во математиката и особено во физиката.
За разлика од скаларите, кај векторите важат поинакви правила за извршување на операциите.
Сите вектори во математиката се разгледуваат во рамките на теоријата на векторски простори, која пак сама по себе е дел од линеарната алгебра.