Википедија:Избрана статија/2007/24
Во рамките на рамнината, под кружница се подразбира множеството точки (формално поточно: геометриското место на точки) кои се еднакво оддалечени од некоја фиксирана точка од рамнината. Точката се вика центар на кружницата, а растојанието од центарот до било која точка од кружницата се вика полупречник на кружницата.
Кружницата е една од елементарните рамнински криви. Нејзината конструкција е мошне едноставна, додека нејзиниот изглед е речиси волшебен. Затоа кружницата била позната и проучувана уште од многу одамна.
Математички, кружницата е само специјален случај на елипса, односно елипса чии фокуси и центарот се совпаѓаат. Таа е затворена рамнинска крива, што подразбира дека има определен периметар (обиколка) и заградува дел од рамнината со одредена плоштина.
Кружницата (како и останатите елементарни криви) може да се разгледува на два начини: геометриски (конструктивно) или аналитички. За проучување на одредени работи посоодветен е геометрискиот начин, за други аналитичкиот, но најважно од сѐ е дека тие даваат исти резултати и меѓусебно се надополнуваат. Аналитичкото претставување на кружницата е клучно во нејзиното прочитајте повеќе...