Википедија:Во фокусот: Италија

GLAM Macedonia
GLAM Macedonia
Italy
Italy

Во фокусот: Италија е уредувачки едно месечен предизвик за студентите од италијанската катедра на Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, што се одржува од 01 април 2023 (00:01) до 30 април 2023 (23:59). Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје.

Цели и правила уреди

Во фокусот: Италија се одржува со цел да се намали недостатокот на статии со италијански теми за музика и филм на Википедија на македонски јазик. Сите студенти од италијанската катедра се добредојдени да земат учество.

Нема строги правила освен следниве:

  • Учесникот мора да биде студент на Катедрата за италијански јазик, при Филолошкиот факултет во Скопје
  • Статијата создадена во овој период мора да биде создадена од италијански јазик на тема: филм и музика
  • Статијата треба да биде нова

Најдобрите пет учесници ќе ги добијат наградите и дипломите на јавен свечен настан во Скопје. Наградите ги обезбеди Амбасадата на Италија во Скопје.

Теми уреди

Како теми за статиите се прифаќаат статии од следниве категории: музика и филм на Италија.

Учесници уреди

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Во фокусот: Италија/Учесници

Резултати уреди

За време на уредувачкиот едномесечен предизвик „Во фокусот: Италија“ беа создадени вкупно 39 статии од 6 уредувачи.
Според жири комисијата (Снежана Штрковска, Никола Стојаноски и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф), резултатите се следните:

  1. e.nikoloska
  2. Angela Trajkovska
  3. H.stojanovski
  4. M.krstevska
  5. Dragana Markovik12 M.Bozhinovska

Контакт уреди

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, Frosina.D.

Надворешни врски уреди

In focus: Italy