Википедија:Барања за администраторски статус/Boyan
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
- Поднесувам барање за позицијата администратор на Википедија. Некои причини поради кои го правам овој чекор: имам напишано доста статии (погледнете ги моите придонеси), се залагам за неутрална гледна точка на работите, ги средувам и дополнувам статиите (категоризација, шаблони, табели, interwiki-а и сл.), имам преведено неколку статии од англиската википедија. Но, за тоа дали ќе бидам администратор или не, одлучуваат вашите гласови. Поздрав. Boyan 18:21, 26 Ноември 2005 (UTC)
Гласање
уредиТука може да гласате За, Против или Воздржан(а)/Неутрален(на) во врска со кандидатурата за sysop администратор. Исто така, можете да го образложите својот став во неколку реченици. Гласањето ќе трае една недела, односно до 3-ти Декември 2005, а кандидатот треба да добие 75% до 80% од гласовите да биде избран.
- За. Boyan е еден од корисниците со најголеми придонеси за македонската Википедија (ако не и најголем), не само во облик на нови статии, туку и во категоризација, шаблони, поголеми и помали уредувања, итн. Исто така, последното учество во некои чувствителни дискусии покажува дека корисникот има изградено чувство за неутралност. Друга многу важна причина поради која го поддржувам Бојан да стане администратор е моменталниот недостаток на целосно активни администратори - Ivica83 е речиси целосно неактивен, а јас и misos сме повремено активни (онолку колку ни дозволуваат студиите). --FlavrSavr 19:36, 26 Ноември 2005 (UTC)
- За. Се согласувам со FlavrSavr, и мислам дека Бојан ги задоволува сите критериуми за администратор (почитување на нетрална гледна точка, редовна активност на системот). --Misos 20:07, 26 Ноември 2005 (UTC)
- За. Qurqa 20:10, 26 Ноември 2005 (UTC)
- За. --5ko 16:06, 30 Ноември 2005 (UTC)
Гласањето заврши.
Boyan е прогласен за администратор со бирократски статус. --FlavrSavr 20:05, 3 Декември 2005 (UTC)
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.