Византиска бања (Солун)
Византиската бања (грчки: Βυζαντινά Λουτρά Άνω Πόλης) во стариот дел од Солун е единствената бања која е останата до денес од византискиот период во Грција. Се наоѓа на улицата Теотокопулу во горниот стар дел на градот Солун.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | култура: i, ii, iv |
Навод | 456 |
Запис | 1988 (12 заседание) |
Координати | 40°38′24″N 22°57′12″E / 40.640026° СГШ; 22.953464° ИГД |
Бањата потекнува од доцниот 13 век или од почетокот на 14 век, и постојано била во употреба сè до 1940 година. Оригиналната градба ја следи линијата на типичната римска бања, со фригидариум, тепидариум и калдариум, секоја од нив со по две простории. На северниот дел се наоѓа цистерна од која бањата се снабдувала со вода. Во византиско време, бањата ја користеле и мажи и жени, а за време на отоманскиот период бањата била строго поделена на женски и машки дел, со тоа што двете простории биле одделени.
Во 1988 геодина, вклучена е во списокот на Старохристијански и византиски споменици на Солун, список на светско наследство на УНЕСКО.
Надворешни врски
уреди- Kourkoutidou-Nikolaidou, E.; Tourta, A. (1997), Wandering in Byzantine Thessaloniki, Kapon Editions, стр. 87–88, ISBN 960-7254-47-3