Византинизам или византизам е термин кој се користи во политичките науки и филозофијата за означување на политичкиот систем и културата на Византиското Царство и на нејзините духовни наследници, особено балканските држави, Отоманското Царство и Русија.[1][2] Поимот византинизам е скован во XIX век.[3] Овој збор се користи главно во негативна конотација и означува комплексност и автократија.

Оваа негативна репутација на терминот ја истакнува збунувачката комплексност и организација на министерствата, на судските процедури, како и недостатокот на структура во армијата.[се бара извор] Исто така, поимот Византиски систем, укажува на постоење на интриги, заговори, убиства, односно на нестабилна политичка состојба.

Терминот е критикуван од современиот бугарски научник Dimiter G. Angelov кој се смета дека тој не ја отсликува реалноста на византиското наследство.[4][5]

Значењето на терминот во негативна конотација

уреди

Византија стекнува негативна репутација во Западна Европа уште од средниот век.[4][6] Заживувањето на Светото Римско Царство од страна на Карло Велики во IX век и Големиот раскол во XI век, ја направило империјата одметник за западноевропските земји кои ја следеле политиката на Римокатоличката црква. Опсадата и грабежот на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година само ги зацементирани постојните разлики.[6] Така, според западноевропските средновековни стереотипи ромејците биле портретирани како перфидни, предавници, сервилни, женствени и невоинствени.[6]

Историчарот Steven Runciman за односите на луѓето од Западна Европа со империјата напишал:

Уште кога нашите груби предци, крстоносците, првпат го виде Цариград, и со презир и гадење прифатиле, едно општество каде секој знаел да чита и пишува, секој јадел храна со виљушки и се претпочитала дипломатијата наместо војната, било модерно да се прифатат Византијците со презир и да се користи нивното име како синоним за декаденција.

— Steven Runciman, The Emperor Romanus Lecapenus and His Reign: A Study of Tenth-Century Byzantium, 1988[7]

Ваквите ставови биле дополнително засилени во XVIII и во XIX век, особено во делата на историчарите и филозофите кои биле под влијание на просветителството.[4] Edward Gibbon, Georg Wilhelm Friedrich Hegel, Johann Gottfried Herder, William Lecky, Charles de Secondat, Baron de Montesquieu и Voltaire биле меѓу многуте западни писатели од тој период кои биле критички настроени кон византискиот систем.[3][8]

На таа Византиско Царство, универзална пресуда на историјата ѝ е тоа што таа претставува, без ниту еден исклучок, врз сите основи, најодвратната форма во која една цивилизација може да се замисли. До сега не постоела друга долговечна цивилизација, толку апсолутно одвратна во сите форми и елементи на нејзината величина, и на ниедна друга епитетот „злобна“ не може да ѝ биде така недвосмислено припишан... Историјата на империјата е монотона приказна за интриги на свештеници, за скопци и жени, за труења, заговори и неблагодарност.

— William Lecky, A history of European Morals from Augustus to Charlemagne 2 vols. (London 1869) II, 13f.[9]

Edward Gibbon, првиот англиски историчар кој ја напишал целосната историја на Византија, во неговата необјективна книга The History of the Decline and Fall of the Roman Empire (1776-1789) која долго време се сметала за станард за изучување на историјата на Византија, бил остар критичар на империјата.[10]

Критичарите посочуваат дека Византија и нејзините наследници останале недопрени од големите поместувања во западната филозофија како што се борбата за инвеститура, реформацијата и ренесансата[11] и со тоа византиската политичка култура се сведува на цезаропапизам и авторитарна политичка култура, која се опишува како автократска, деспотска и империјалистичката.[10][12]

По падот на Византија, критичарите на византиската систем посочуваат дека тој има извршено штетно влијание и врз други држави. Ова особено се користи во дискурс на политичките системи, култури и општества на Русија (започнувајќи од Големото Московско Војводство, преку царска на Русија сѐ до Руската Империја)[2][13], Советскиот Сојуз,[14] на Отоманското Царство[15] и на балканските држави (поранешни европски провинции на Отоманското Царство).[1][11][16]

Современиот бугарски историчар Димитар Ангелов смета дека оваа негативна репутација не е објективна и дека во најмала рака претставува симплистички генерализација.[4][5] Исто така терминот византизмот има слично значење со терминот балканизам.

Терминот византинизам во позитивна конотација

уреди

Иако Византија во Западна Европа често се спомнува во негативен конотација, сепак постојат исклучоци. Византија била рехабилитирана во Франција започнувајќи од ерата на апсолутизмот, па сè до XVII век до Француската револуција во делата на автори како што е Pierre Poussines.[3]

Како резултат на промените до кои просветителството ги извршило во Западна Европа, француската традиција го нашла своето прибежиште во Руската Империја. Терминот византинизам бил користен во позитивен контекст во XIX век од страна на рускиот научник Константин Леонтјев во своето дело Византизм и славянство од 1875 година, за да се опише општество со кое Руската Империја треба да се спротивстави на деградативните влијанија на Западот.[13][17] Леонтјев бил полн со фалби за Византиското Царство и на царската автократија.[17][18][19]

Модерен дискурс

уреди

Во модерен контекст терминот византизам се користи за означување на недемократски практики како и за користењето на насилство во политичкиот живот, што е практика во политиката на Балканот.[11][20] Багажот на византиската политичка традиција се користи за да се објасни одложувањето во развојот на демократските институции, претпочитањето на силни, дури и автократски влади, недоверба на луѓето на стопанствениците и избраните политичари, како и за објаснување на целокупната разлика меѓу Западот, Балканот и Источна Европа.[11] Зборот византизам и сличните поими (на пример: Византија и сл.), се здобиле со негативни конотации во неколку западноевропски јазици, вклучително и на англиски јазик.[2][11]

Литература

уреди
  1. 1,0 1,1 Dimiter G. Angelov, Byzantinism: The Imaginary and Real Heritage of Byzantium in Southeastern Europe, in Dimitris Keridis, Ellen Elias-Bursać, Nicholas Yatromanolakis, New approaches to Balkan studies, Brassey's, 2003, ISBN 1-57488-724-6, Google Print, p.3
  2. 2,0 2,1 2,2 Angelov 2003, p.11
  3. 3,0 3,1 3,2 Angelov 2003, p.8
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Angelov 2003, p.6
  5. 5,0 5,1 Angelov 2003, pp.17–18
  6. 6,0 6,1 6,2 Angelov 2003, p.6
  7. Steven Runciman, The Emperor Romanus Lecapenus and His Reign: A Study of Tenth-Century Byzantium, Cambridge University Press, 1988, ISBN 0-521-35722-5, Google Print, p.9
  8. Cyril Mango, The Oxford history of Byzantium, Oxford University Press, 2002, ISBN 0198140983, Google Print, p.v
  9. Elizabeth Jeffreys, John Haldon, Robin Cormack, The Oxford Handbook of Byzantine Studies, Oxford University Press, 2009, ISBN 0199252467, Google Print, p.9
  10. 10,0 10,1 Angelov 2003, p.9
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Angelov 2003, pp.4–5
  12. Angelov 2003, p.10
  13. 13,0 13,1 Angelov 2003, p.12
  14. Angelov 2003, p.13
  15. Angelov 2003, p.18
  16. Angelov 2003, pp.12–13
  17. 17,0 17,1 Richard Pipes, Russian Conservatism and Its Critics: A Study in Political Culture, Yale University Press, 2007, ISBN 0300122691, Google Print, pp.148–149
  18. K. A. Lantz, The Dostoevsky encyclopedia, Greenwood Publishing Group, 2004 ISBN 0313303843, Google Print, p.235
  19. Aleksandr Polunov, Thomas C. Owen, Larisa Georgievna Zakharova, Marshall S. Shatz, Russia in the nineteenth century: autocracy, reform, and social change, 1814-1914 , M.E. Sharpe, 2005, ISBN 0-7656-0671-2, Google Print, p.175
  20. Cathie Carmichael, Ethnic Cleansing in the Balkans: Nationalism and the Destruction of Tradition, Routledge, 2002, ISBN 0-415-27416-8, Google Print, p.100

Сличнии содржини

уреди