Вие, живите (филм)

филм

Ти, што живееш (анг. You, the Living) е филм на шведскиот режисер Рој Андерсон од 2007 година. Премиерата ја доживеа на Канскиот филмски фестивал во 2007 година во изборот Un Certain Regard.

Филмот е истражување на „величественоста на постоењето“[1]. Поставен околу животите на повеќе ликови како на пример: жена со проблеми со тежината, разочаран психијатар, групи-девојка со скршено срце, столар, бизнис консултант, наставник од основно училиште со емоцоинални проблеми и неговиот сопруг кој продава теписи.

Сниман на невообичаен начин, филмот се состои од 50 флуентно поврзани кракти сцени, секоја снимана во еден кадар. Повеќето од нив имаат трагикомична нота.

Филмот ја доби наградата од публиката на филмскиот фестивал во Гетеборг во 2008.

Некои од приказните во филмот се поврзани, но вистинската врска е во тоа дека функцијата на сите ликови е човечка и дека се развиваат теми за животот, постоењето и среќата.

Наводи

уреди
  1. Andersson, Roy "You, the Living Архивирано на 13 септември 2009 г.." Royandersson.com. Retrieved on 2009-08-04.